Јаков 1:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1ⓐЈаков, слуга на Бога и на Господ Исус Христос, испраќа поздрав до дванаесетте племиња, кои живеат раселени.

2ⓑРадувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија,

3ⓒзнаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост:

4ⓓтрпеливоста, пак, нека биде со­вр­ше­но дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.

5ⓔАко некому од вас му недостига муд­рост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање — и ќе му се даде.

6ⓕНо да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, при­ле­га на морски бран, кого ветрот го издига и растура;

7таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ.

8ⓖЧовек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан.

9ⓗБратот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја,

10ⓘа богатиот — со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од тре­ва;

11зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзи­ниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.

12ⓙБлажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.

13Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува,

14ⓚно секого го искушува неговата по­хота која го влече и мами.

15ⓛПотоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт.

16Не мамете се, браќа мои возљубени.

17ⓜСекој добар дар и секој совршен по­дарок иде озгора, симнувајќи се од Оте­цот на светлината, во Кого нема про­мени ни сенка од измена.

18ⓝЗашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.

19ⓞИ така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев,

20ⓟбидејќи човечкиот гнев не ја извр­шува Божјата правда.

21ⓠЗатоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души.

22ⓡБидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе.

23Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето сопствено лице во огледало;

24ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил.

25ⓢНо кој ќе се задлабочи во совр­ше­ниот Закон на слободата и остане во не­го, тој, бидејќи не е заборавлив слу­шател, туку извршител кој дејствува, ќе биде блажен во своето дејствување.

26ⓣАко некој од вас мисли дека е по­бо­жен, а не го зауздува јазикот свој, туку го мами срцето свое, неговата по­бож­ност е суетна.

27ⓤЧиста и непорочна вера пред Бога Отецот е оваа: да се грижиш за сираци и вдовици во нивните маки и да се па­зиш да останеш неосквернет од светот.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>