Јаков 2:1-26 MKDB2006 - Bible AI

1Браќа мои, држете ја непристрасно верата во Исус Христос, нашиот Господ на славата!

2Ако во вашето собрание влезе човек со златен прстен, во светли алишта, и влезе сиромав човек со проста облека,

3па се загледате на облечениот во светли алишта и му речете: „Ти седни овде убаво!“, а на сиромашниот му ре­чете: „Ти стој таму!“, или „Седни овде, крај подножјето мое!“,

4зарем со тоа не покажувате пристрасност, и не станувате судии со лоши помисли?

5Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние кои Го љубат?

6А вие го посрамивте сиромавиот! Не се ли богатите тие што ве мачат и ве влечат по судови?

7Не го хулат ли тие вашето добро име, со кое сте се нарекле?

8Ако, пак, го извршувате царскиот закон според Писмото: „Возљуби го ближниот како самиот себе“ — добро правите.

9Но, ако сте пристрасни, грев пра­ви­те; и Законот ве осудува како престапници.

10Зашто, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сѐ.

11Зашто Оној, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот.

12Зборувајте и постапувајте како оние што ќе бидат судени според за­ко­нот на слободата.

13Зашто судот ќе биде безмилосен спрема оној кој не покажува милост; милоста надвива над судот.

14Каква е ползата, браќа мои, ако не­кој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси?

15Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат,

16па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!“, а не им даде што им е потребно за телото — как­ва полза?

17И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.

18Но може некој да рече: ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја сво­ја­та вера без дела, а јас преку моите дела ќе ти ја покажам мојата вера.

19Ти веруваш дека Бог е еден: добро правиш; но и злите духови веруваат, а треперат.

20Не сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва?

21Нели со дела беше оправдан Авра­ам, нашиот татко, откако врз жртве­ни­кот го положи својот син Исак?

22Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена?

23И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се на­рече — пријател Божји.

24Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера?

25А така не се оправда ли со дела и блудницата Раав, откако ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат?

26Зашто, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>