Јован 11:1-57 MKDB2006 - Bible AI

1Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од селото на Марија и нејзината сестра Марта.

2А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа која Го помаза Господ со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса.

3Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го ми­луваш, болен е.“

4Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.“

5А Исус ги сакаше Марта, нејзината сестра, и Лазар.

6А кога чу дека е болен, тогаш ос­та­на уште два дни во местото каде што се наоѓаше.

7Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!“

8Учениците Му рекоа: „Рави, сега са­каа да Те убијат со камења, и пак ли та­му ќе одиш?“

9Исус одговори: „Нели има дванаесет часови во денот? Кој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет;

10а кој оди ноќе, се сопнува, зашто не­ма светлина во него.“

11Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, пријателот наш, заспал; но ќе отидам да го разбудам.“

12Тогаш учениците Негови рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.“

13Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон.

14Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре!

15Но се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате — туку, да отидеме кај него.“

16Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на учениците: „Да отидеме и ние да умреме со него.“

17Кога дојде Исус, откри дека тој ве­ќе четири дена е во гроб.

18А Витанија беше близу до Еру­са­лим, околу петнаесет стадии[9];

19и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија да ги утешат за нив­ни­от брат.

20Кога чу Марта дека доаѓа Исус, из­лезе пред Него; а Марија седеше дома.

21Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, ако беше Ти овде, брат ми не­маше да умре.

22Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде.“

23Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе вос­кресне!“

24Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во пос­ледниот ден.“

25А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресени­ето и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее.

26И секој што живее и верува во Ме­не, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“

27Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“

28Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија тајно, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“

29Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него;

30зашто Исус уште не беше дошол во селото, а стоеше каде што Го беше до­чекала Марта.

31Јудејците, што беа со неа дома и ја утешуваа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот да плаче.

32А Марија, штом пристигна таму ка­де што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше ти овде, немаше да умре брат ми!“

33Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се потресе,

34па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“

35Исус просолзи.

36Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го сакал!“

37Некои од нив, пак, велеа: „Не мо­жеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“

38А Исус, пак, се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и ка­мен навален на неа.

39Рече Исус: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“

40Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш славата Божја?“

41Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благода­рам што Ме услиши.

42Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради на­родов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“

43Кога го рече ова, извика со висок глас: „Лазаре, излези надвор!“

44излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“

45Тогаш мнозина од Јудејците што беа дошле со Марија и видоа што на­прави Исус, поверуваа во Него.

46Некои од нив отидоа кај фарисеите и им рекоа што направи Исус.

47Тогаш првосвештениците и фарисе­ите се собраа на совет и рекоа: „Што да правиме? Овој Човек прави многу чуда.

48Ако Го оставиме така, сите ќе пове­руваат во Него и ќе дојдат Римјаните, па ќе ни ја одземат и земјата и народот.“

49А еден, пак, од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник, им рече: „Вие ништо не знаете,

50ниту помислувате дека е поарно за нас да умре еден човек за народот, от­колку сиот народ да пропадне.“

51А ова не го рече тој сам од себе, ту­ку, бидејќи беше првосвештеник таа го­дина, прорече дека Исус ќе умре за на­родот;

52и не само за народот, туку и за да ги собере заедно растурените Божји чеда.

53Од тој ден се согласија да Го убијат.

54Заради тоа Исус веќе не одеше јав­но меѓу Јудејците, а оттаму отиде во крај, близу една пустина, во градот на­речен Ефрем, и таму се задржа со уче­ниците Свои.

55А се наближуваше јудејскиот праз­ник Пасха и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасхата, за да се очистат.

56Тогаш Го бараа Исус и, стоејќи во храмот, си разговараа меѓу себе: „Што мислите? Нема ли да дојде на праз­ни­кот?“

57А првосвештениците и фарисеите беа веќе издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>