Јован 14:1-31 MKDB2006 - Bible AI

1„Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене ве­рувајте.

2Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘?

3Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас.

4А каде одам Јас го знаете патот.“

5Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“

6Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене.

7Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“

8Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“

9Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Фи­липе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‚Покажи ни Го Отецот?‘

10Не веруваш ли дека Јас сум во Оте­цот, и дека Отецот е во Мене? Збо­ро­ви­те што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата.

11Верувајте Ми дека Јас сум во Оте­цот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не — тогаш верувајте во Мене заради делата.

12Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец;

13и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот.

14Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“

15„Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди.

16Јас ќе Го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека,

17Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде.

18Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам кај вас.

19Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа; а вие ќе Ме гледате, зашто Јас живеам и вие ќе живеете.

20Во оној ден вие ќе разберете дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Ме­не, и Јас сум во вас.

21Кој ги има заповедите Мои и ги па­зи, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љу­би Мене, возљубен ќе биде од мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се ја­вам Сам.“

22Му рече Јуда, не Искариот: „Гос­по­ди, зошто сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот?“

23Исус одговори и му рече: „Ако не­кој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе на­правиме.

24Кој не Ме љуби, не го запазува сло­вото Мое; а словото што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме ис­прати.

25Ова ви го реков, бидејќи сум со вас.

26А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви на­помни за сѐ што сум ви зборувал.

27Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да страхува.

28Чувте дека Јас ви реков: ‚За­ми­ну­вам од вас и пак ќе дојдам кај вас.‘ Но ако Ме љубевте Мене, ќе се зарадувавте што реков: одам кај Мојот Отец, зашто Мојот Отец е поголем од Мене.

29И сега ви кажав, уште пред да се изврши, та кога ќе се изврши, да по­ве­рувате.

30Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто иде кнезот на овој свет и во Мене Тој нема ништо.

31Но за да разбере светот дека Го љу­бам Отецот и, како што Ми заповеда Отецот, така правам. Станете да си оди­ме одовде!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>