Јован 15:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1„Јас сум вистинската лоза, Мојот Отец е лозарот.

2Секоја прачка во Мене, што не дава плод, Тој ќе ја исече; и секоја, што дава плод, ќе ја очисти, за да принесе повеќе плод.

3Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал.

4Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене.

5Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; зашто без Мене не можете да на­правите ништо.

6Ако некој не остане во Мене, ќе би­де исфрлен надвор, како прачка, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат.

7Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде.

8Со тоа ќе се прослави Мојот Отец: да носите многу плод и да бидете Мои ученици.

9Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!

10Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова.

11Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна.

12Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас.

13Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.

14Вие сте Ми пријатели ако го вр­ши­те она што ви заповедам Јас.

15Веќе не ве нарекувам слуги, зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели, бидејќи ви кажав сѐ што сум чул од Мојот Отец.

16Вие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да бидете плодоносни, и плодот ваш да ос­тане, та, што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде.

17Оваа заповед ви ја давам: да се љу­бите еден со друг.“

18„Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази.

19Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот — затоа светот и ве мрази.

20Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазија, и вашите ќе ги запазат.

21Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го знаат Оној Кој Ме испрати.

22Да не бев дошол и да не им бев збо­рувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев.

23Кој Ме мрази мене, Го мрази и Мо­јот Отец.

24Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене и Мојот Отец.

25Но нека се изврши словото на­пи­ша­но во нивниот Закон дека Ме замразија без вина.

26А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Ду­хот на Вистината, Кој излегува од Оте­цот, Тој ќе сведочи за Мене;

27а и вие ќе сведочите, бидејќи од по­четокот сте со Мене.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>