Јован 16:1-33 MKDB2006 - Bible AI

1„Ова ви го кажав за да не се соблазните.

2Ќе ве исклучуваат од синагогите. Па уште и ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба.

3Тоа ќе го прават, зашто не Го познаа Отецот, ниту Мене.

4Но ви го кажав тоа, та кога ќе дојде времето, да се сетите дека Јас сум ви ре­кол; а од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас.“

5„А сега одам кај Оној Кој Ме ис­пра­ти, и никој од вас не Ме праша: ‚Каде одиш?‘

6Но затоа што ви го кажав ова, срцата ваши се исполнија со тага.

7Но Јас вистината ви ја кажувам: по­добро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дој­де кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам.

8А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд:

9за грев — дека не веруваат во Мене;

10за правда — оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите;

11а за суд — зашто кнезот на овој свет е осуден.

12Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите.

13А кога ќе дојде Тој, Духот на Вис­тината, ќе ве упати во сета вистина; но од Себе нема да зборува, туку ќе говори што чуе, и ќе ви ја најави иднината.

14Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави.

15Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави.“

16„Уште малку, и нема да Ме гледате, и по малку, пак ќе Ме видите, зашто си одам кај Отецот.“

17А некои од учениците Негови си рекоа меѓу себе: „Што е тоа, што ни ве­ли: ‚Уште малку, и нема да Ме видите‘ и ‚По малку, пак ќе Ме видите‘ и ‚Јас си одам кај Отецот?‘“

18И си зборуваа: „Што е тоа, што ве­ли: ‚Уште малку?‘“

19Исус разбра дека сакаат да Го пра­шаат, и им рече: „Затоа ли се пра­шу­ва­те меѓу себе, што реков: ‚Уште малку, и нема да Ме гледате‘ и ‚По малку, пак ќе Ме видите?‘

20Вистина, вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се радува; вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост.

21Жена, кога раѓа, има болки, зашто ѝ дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот.

22Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе;

23и во тој ден нема да Ме прашувате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот, во Мое име, ќе ви даде.

24Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде ра­доста ваша полна.“

25„Ова во параболи ви го кажав; но ќе дојде час кога нема веќе во параболи да ви зборувам, туку откриено ќе ве известам за Отецот.

26Во тој ден ќе побарате во Мое име, и не ви велам дека Отецот ќе го помолам за вас;

27бидејќи Отецот Сам ве сака, зашто вие Ме засакавте и поверувавте дека Јас сум излегол од Бога.

28Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и се вра­ќам кај Отецот.“

29Му рекоа учениците Негови: „Еве, сега откриено зборуваш и никаква па­рабола не кажуваш.

30Сега знаеме дека знаеш сѐ и нема потреба никој да Те прашува. Заради тоа веруваме дека од Бога си излегол.“

31Исус им одговори: „Сега ли верува­те?

32Ете, иде часот, и веќе настапува, да се разбегате секој кај своите, а Мене Сам да Ме оставите; но Јас не сум Сам, бидејќи Отецот е со Мене.

33Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>