Јован 21:1-25 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа пак им се јави Исус на учениците Свои кај Тиверијад­ското Море. А тоа се случи вака:

2беа заедно Симон Петар и Тома, ко­го го викаа Близнак, Натанаил од Кана Галилејска, Заведеевите синови и двајца други од учениците Негови.

3Симон Петар им рече: „Ќе одам да ловам риба.“ Му рекоа: „И ние ќе дој­де­ме со тебе.“ Тогаш излегоа и веднаш влегоа во кораб, но таа ноќ ништо не уловија.

4А кога се раздени, застана Исус на брегот, само учениците не го познаа дека е Исус.

5Исус им рече: „Чеда, имате ли неш­то за јадење?“ Му одговорија: „Не.“

6А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе нај­де­те!“ Ја фрлија, и не можеа веќе да ја из­влечат од многу риби.

7Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Гос­под, си ја препаша облеката — зашто бе­ше необлечен, и се фрли во морето.

8А другите ученици, влечејќи ја мре­жата со риби, дојдоа со кораб, зашто не беа далеку од брегот, но само околу двесте лакти.

9Кога пак излегоа на брегот, видоа накладен оган, и на него ставена риба и леб.

10Исус им рече: „Донесете од рибите што ги уловивте сега!“

11А Симон Петар влезе и ја извлече мрежата на брегот, полна со крупни ри­би, на број сто педесет и три; и макар што беа толку многу, мрежата не се скина.

12Исус им рече: „Дојдете, јадете!“ И никој не смееше да Го праша: „Кој си Ти?“, зашто гледаа дека е Господ.

13Се приближи Исус, зеде леб и им даде, исто така и риба.

14Ова беше веќе третпат како им се јави Исус на учениците Свои, откако воскресна од мртвите.

15А кога завршија со јадењето, Исус му рече на Симон Петар: „Симоне Јо­ва­нов, Ме љубиш ли повеќе отколку овие?“ Петар Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги јагненцата Мои!“

16Го праша пак, повторно: „Симоне Јованов, Ме љубиш ли?“ Петар Му ка­жа: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги овците Мои!“

17И по третпат му рече: „Симоне Јо­ванов, Ме љубиш ли?“ Петар се нажали дека по третпат го праша: „Ме љубиш ли?“ И Му рече: „Господи, Ти сѐ знаеш; Ти знаеш дека Те љубам.“ Исус му рече: „Паси ги овците Мои!

18Вистина, вистина ти велам: кога бе­ше помлад, сам се препашуваше и оде­ше каде што сакаше; кога ќе остариш, ќе ги рашириш рацете свои, и друг ќе те препаша и поведе на каде што неј­ќеш.“

19А ова го рече за да покаже со каква смрт ќе Го прослави Петар Бога. И штом го кажа тоа, му рече: „Врви по Мене!“

20А Петар, кога се заврти, виде дека по него оди оној кого Исус го сакаше и кој на вечерата се беше нава­лил на градите Негови и прашуваше: „Господи, кој ќе Те предаде?“

21Штом го виде Петар него, Му рече на Исус: „Господи, а овој, пак, зошто?“

22Исус му рече: „Ако сакам тој да остане додека да дојдам, тебе што ти е? Ти врви по Мене!“

23И се пренесе овој збор меѓу браќата дека тој ученик нема да умре. Но Исус не му рече дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане додека дојдам, тебе што ти е?“

24Тој е ученикот кој сведочи за овие настани и ги напиша; и знаеме дека све­доштвото негово е вистинско.

25А има и многу други работи што ги изврши Исус и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>