Јован 4:1-54 MKDB2006 - Bible AI

1Кога разбра Исус дека фарисеите чу­ле дека Тој придобива повеќе ученици отколку Јован и крштаваше,

2макар што Самиот Исус не крш­та­ваше, туку учениците Негови,

3ја напушти Јудеја и отиде пак во Галилеја.

4Требаше да мине преку Самарија.

5Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на својот син Јо­сиф.

6Таму беше изворот на Јаков. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот[5] час.

7Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пи­јам!“

8А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.

9Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Са­мар­јанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат.

10Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ — ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“

11Жената Му рече: „Господи, Ти нема со што да нацрпеш, а кладенецот е дла­бок; од каде, пак, имаш жива вода?

12Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“

13Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни;

14а кој пие од водата, што ќе му ја да­дам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“

15Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!“

16Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“

17Жената одговори и Му рече: „Не­мам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж;

18зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“

19Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк!

20Нашите татковци се поклонуваа на оваа планина, а вие велите дека во Еру­салим е местото каде што треба да се поклонуваме.“

21Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми де­ка доаѓа време кога ни на оваа планина, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот.

22Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.

23Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат.

24Бог е Дух и оние што Му се покло­нуваат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина.“

25Жената Му рече: „Знам дека ќе дој­де Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Тој, сѐ ќе ни каже.“

26А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборува со тебе.“

27И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“

28А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето:

29„Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“

30Тогаш тие излегоа од градот и трг­наа кон Него.

31Во тоа време, пак, учениците Го мо­леа, велејќи: „Рави, јади!“

32Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“

33Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да ја­де?“

34А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело.

35Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како побелеле, готови за жетва.

36И жетварот веќе добива плата и со­бира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.

37Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘

38Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“

39И мнозина Самарјани од тој град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“

40Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена.

41И уште повеќе поверуваа поради словото Негово;

42а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само заради твоето ка­жување, зашто сами чувме и знаеме де­ка Тој е Спасителот на светот, Хрис­тос.“

43А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја.

44Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема почит.

45Кога дојде, пак, во Галилеја, Га­ли­лејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на праз­ни­кот; зашто и тие беа на празникот.

46И така, Исус пак дојде во Кана Га­лилејска, каде што беше претворил во­да во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум.

47Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање.

48А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“

49Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“

50А Исус му одговори: „Оди си! Тво­јот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си за­мина.

51И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“

52А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“

53Тогаш таткото разбра дека тоа ста­на­ло во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом.

54Ова беше второто чудо што го из­вр­ши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>