Јован 5:1-47 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа имаше еден празник ју­дејски, и се искачи Исус во Ерусалим.

2А во Ерусалим, кај Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Вит­езда[6], со пет тремови.

3Во нив лежеа мнозина болни, слепи, куци, исушени, кои очекуваа да се раздвижи водата,

4(зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздви­жуваше водата; и кој прв ќе влезеше по придвижувањето на водата, оздравува­ше од каква било болест да боледува­ше.)

5Имаше таму и еден човек кој боледуваше триесет и осум години.

6Кога Исус го виде како лежи, знаејќи дека многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“

7Болниот Му одговори: „Да, Господи! Само немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се раздвижи водата; до­дека јас да дојдам, друг слегува пред ме­не.“

8Исус му рече: „Стани, земи ја пос­телката своја и оди си!“

9И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден бе­ше сабота.

10Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја носиш својата постелка!“

11Но тој им одговори: „Оној што ме излекува, ми рече: ‚Земи ја постелката своја и оди!‘“

12А тие го прашаа: „Кој е човекот што ти рече: ‚Земи ја постелката своја и оди?‘“

13Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше оддалечил бидејќи на тоа место имаше многу народ.

14Подоцна Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не гре­ши веќе, за да не те снајде нешто поло­шо!“

15А човекот отиде и им кажа на Ју­дејците дека Исус е Оној што го излекувал.

16И затоа Јудејците Го гонеа Исус и сакаа да го убијат, зашто тоа го вршеше во сабота.

17А Исус им одговараше: „Мојот Отец досега работи, и Јас работам.“

18Затоа Јудејците уште повеќе сакаа да Го убијат, бидејќи не само што ја на­рушуваше саботата, туку и Бога Го на­рекуваше Свој Отец, правејќи се ед­на­ков со Бога.

19А Исус им одговори на тоа и рече: „Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо Сам од Себе, ако не види што прави Отецот; она што го прави Тој, тоа истото го прави и Синот.

20Зашто, Отецот Го сака Својот Син и Му покажува сѐ што Самиот прави; и ќе Му покаже дела поголеми од овие, за да се чудите вие.

21Зашто, како што Отецот воскреснува мртви и ги оживува, така и Синот ги оживува оние кои сака.

22Отецот не суди никого, туку целиот суд Му го предаде на Синот;

23та сите да Го почитуваат Синот, ка­ко што Го почитуваат Отецот. Кој не Го почитува Синот, тој не Го почитува ни Отецот, Кој Го пратил.

24Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот.

25Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и веќе е дојден, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и тие што ќе го чујат, ќе оживеат.

26Зашто, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе;

27и Му даде власт да суди, зашто Тој е Синот Човечки.

28Не чудете се на ова, зашто иде ча­сот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји,

29и ќе излезат: кои правеле добро — ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.

30Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и су­дам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот Кој Ме прати.

31Ако Јас сведочам Сам за Себе, све­доштвото Мое нема да биде вистинито.

32Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинито тоа сведоштво со кое Тој сведочи за Мене.

33Вие пративте гласници кај Јован и тој ви посведочи за вистината.

34Не дека Јас примам сведоштво од човек; туку ова го кажувам за да се спасите вие.

35Тој беше светило што гори и свети, а вие сакавте да се порадувате на неговата светлина, за кратко време.

36Но Јас имам поголемо сведоштво од Јовановото; делата што Ми ги даде Отецот да ги извршам, самите тие дела, што ги извршувам Јас, сведочат за Мене дека Ме пратил Отецот.

37И Отецот, Кој Ме прати, Сам пос­ведочи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе.

38И зборовите Негови не се во вас, зашто не верувате во Оној кого Го пра­тил Тој.

39Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене.

40Но не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот.

41Од луѓе слава не примам,

42но Јас знам дека во себе љубов Бож­ја немате.

43Јас дојдов во името на Мојот Отец и не Ме примате; а некој друг, ако дојде во свое име, него ќе го примите.

44Како можете вие да поверувате ко­га примате слава еден од друг, а славата, што е од Единиот Бог, не ја барате?

45Немојте да мислите дека Јас ќе ве обвинувам пред Отецот; има кој да го­во­ри против вас — Мојсеј, на кого вие се надевате.

46Зашто, ако му бевте верувале на Мојсеј, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене.

47Ако, пак, на неговите напишани ра­боти не поверувавте, како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови?“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>