Јов 11:1-20 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа проговори Софар од Ноема и рече:

2„Зар на многу зборови не може да се даде одговор, и зар многузборливиот човек е прав?

3Твоето празнословие ќе ги натера ли луѓето да молчат, за да се пот­смевнуваш ти, та да нема кој да те за­срами?

4Ти рече: расудувањето ми е правилно, и јас сум чист во Твоите очи.

5О, да проговореше Бог, да ја отвореше устата Своја кон тебе

6и да ти ги откриеше тајните на муд­роста дека тебе ти се паѓа двојно повеќе да понесеш! И така, знај дека Бог за тебе предаде на заборав некои од твоите беззаконија.

7Можеш ли во длабочините Божји да проникнеш? Можеш ли да го до­стигнеш совршенството на Седржи­телот?

8Тој е повисок од небесата, — што можеш да направиш? Подлабок е од пеколот, — што можеш да дознаеш?

9Подолга од земјата е мерката Негова и поширока од морето.

10Ако се нафрли и затвори некого во окови и го изведе на суд, кој ќе Му забрани?

11Зашто Тој ги знае оние кои лажат и го гледа беззаконието; ќе го остави ли без да го разгледа?

12Но и суетниот човек се опаметува; дивото магаре на узда се покорува.

13Ако го насочиш срцето свое и ги подадеш рацете кон Него,

14ако порокот од раката своја го отфрлиш и не дозволиш беззаконие да престојува во твоите шатори,

15тогаш ќе го кренеш неизвалканото лице свое, ќе бидеш цврст и нема да се плашиш.

16Тогаш ќе ја заборавиш тагата: како за истечена вода ќе се сеќаваш на неа.

17 Животот твој ќе стане како светол ден; како јасна зора темнината ќе светне.

18Во надежта своја ќе бидеш спо­коен, ограден, ќе почиваш во мир.

19Ќе легнеш и не ќе има кој да те заплашува; мнозина ќе ти се умилкуваат.

20А очите на беззакониците ќе згаснат, прибежиштето нивно ќе про­падне, а надежта нивна ќе исчезне.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>