Јов 15:1-35 MKDB2006 - Bible AI

1Проговори Елифаз од Теман и рече:

2ⓝ„Ќе одговара ли мудриот со празни знаења и ќе го полни ли стомакот свој со врел ветар?

3Ќе се оправдува ли со бесполезна реч, и со зборови што немаат никаква сила?

4Ти пак го заборави стравот од Бога; пред Неговото лице ти трепет немаш.

5ⓞТвоите зборови вината Твоја ја пока­жуваат, се служиш со јазикот на лука­вите.

6Тебе те обвинува устата твоја, а не јас; јазикот твој говори против тебе.

7ⓟЗар ти си првиот роден од човек и пред ридовите ли си создаден?

8ⓠЗарем си ги слушал тајните Божји и за себе мудрост си придобил?

9Што знаеш ти што ние не го знаеме? Што разбираш ти, а што го нема и во нас?

10Меѓу нас има и седокос, и старец, кои според деновите го надминуваат татко ти.

11ⓡЗар се за тебе малку Божјите утехи? И Неговите благи зборови?

12Кон што те соблазнува срцето твое, кон што така гордо гледаш?

13Зошто го устремуваш против Бога духот свој и со устата своја изнесуваш такви зборови?

14ⓢШто е човекот, та да биде чист и родениот од жена да биде праведен?

15ⓣЕте, Тој и на светите Свои не се доверува, и небесата се нечисти во Неговите очи:

16ⓤтолку повеќе е нечист и грешен човекот, кој го пие беззаконието како вода.

17Јас ќе ти говорам, слушај ме; ќе ти раскажам она што сум го видел,

18ⓥшто го слушале мудрите и не го сокриле слушнатото од татковците свои,

19на кои им била дадена оваа земја, и меѓу кои туѓинец никогаш не стапнал.

20Нечесниот се мачи себеси преку сите свои денови, годините му се одброени на потисникот;

21ⓦзвук од ужас секогаш е во ушите негови; додека мирува, непријателот налетува на него.

22Не се надева да се спаси од темнината; пред себеси гледа меч.

23ⓧЗа парче леб скита постојано; знае дека е сосема близу денот на неговата смрт.

24ⓨНужда и теснотија го застра­шуваат; навалуваат на него; како цар, готов за бој,

25затоа што кревал рака против Бога и Му се противел на Седржи­телот,

26се спуштал против Него со гордост, зад дебелите свои штитови;

27ⓩзатоа што го покрил лицето со маста своја и ги здебелил бедрата свои.

28ⓐИ тој се населува во разурнати градови, во куќи, каде што не се живее и кои набрзо ќе станат урнатини.

29ⓑТој нема да се збогати, и имотот негов нема да напредува; ниту поседот негов ќе се рашири по земјата.

30ⓒНема да избега од темнината; пламен ќе ги исуши ветките негови, во здивот на пламена уста ќе изчезне.

31ⓓЗаблудениот нека не ѝ се доверува на суетата, затоа што суета ќе биде и платата негова.

32ⓔТој предвреме ќе умре, и ветките негови никогаш нема да се раззеленат.

33ⓕЌе го фрли тој како лоза неузреа­ното грозје свое, како маслинка ќе го истресе цветот свој.

34ⓖТака ќе опустее домот на нечес­тивиот, и оган ќе ги голтне шаторите на поткупништвото.

35ⓗТој зачна зло и роди лага, во утробата своја подготвува измама.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>