Јов 16:1-22 MKDB2006 - Bible AI

1Одговори Јов и рече:

2„Сум се наслушал на такви рабо­ти; никакви утешители сте сите вие!

3Ќе имаат ли крај празните збо­рови? И што те поттикнало да ми говориш така?

4И јас можев да зборувам исто како вас, ако вашата душа беше на местото на мојата душа; би се противставувал со зборови против вас и би кимнувал со главата против вас;

5би ве поткрепувал со јазикот свој и со движењето на усните свои би ве утешувал.

6Ако говорам, скрбта моја не се ста­ложува; ако замолчам, зар ќе ме одмине?

7Но сега Ти ме изнемошти. Ти ми ја растури мојата челад.

8Ти ме покри со брчки, за сведош­тво против мене; мојата истоштеност се крева против мене, в лице ме прекорува.

9Гневот Твој ме измачува и непријателствува против мене, ми чкрта со забите; непријателот ги впива очите во мене.

10Ја отвориле устата против мене; навредувајќи ме, ме удираат по образите; сите направиле заговор против мене.

11Бог ме предаде на беззаконикот и ме предаде во рацете на нечестивите.

12Си бев спокоен, но Тој ме по­тресе; ме фати за вратот, ме затресе и ме постави за цел на Себеси.

13Ме опколија стрелците Негови; Тој ги раскинува моите внатрешнини, без да ме штеди, ја пролева на земјата жолчката моја,

14пробива во мене рана до рана, трча против мене како бесен борец.

15Вреќиште сошив на кожата моја и во прав ја турив главата своја.

16Лицето мое поцрвене од плачење, и на клепките имам смртна сенка,

17иако во рацете мои нема крадено, и молитвата моја секогаш била чиста.

18Земјо, не криј ја крвта моја; нека мојот повик насекаде се слушне.

19И сега, ете, на небото Сведок имам; Застапникот ми е во висините!

20Се потсмеваат со мене пријателите мои, а очите ми солзат пред Бога.

21О, да можеше човек да се натпреварува со Бога, како синот човечки со својот ближен!

22Зашто крајот на годините мои доаѓа; на пат без враќање треба да појдам.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>