Јов 17:1-16 MKDB2006 - Bible AI

1ⓧ„Дишењето ми ослабна; дните мои гаснат; гробишта има пред мене.

2Да не беше нивниот потсмев, тогаш и покрај нивните приговори окото мое ќе беше спокојно.

3Заштити ме, застапи се Сам за мене пред Себе! Инаку, кој ќе се заложи за мене?

4ⓨЗашто Ти го затвори срцето нивно за да не можат да разбираат, и затоа не­ма да им дозволиш да ликуваат.

5Кој им го дели на пријателите свои лебот свој, неговите деца чекаат попусто.

6ⓩПредмет за исмејување Тој ме направи и секој може в лице да ми плукне.

7Окото мое од тага ми потемне, а рацете и нозете од слабост ми треперат.

8ⓐЌе занемеат храбрите пред страда­њето мое и невиниот ќе се дигне против безбожникот.

9Но праведникот ќе се држи цврсто за својот пат, и оној со чисти раце ќе ја удвои силата своја.

10ⓑВратете се сите вие и одете си; нема да најдам мудар меѓу вас.

11Деновите мои изминаа; замислите мои — тежина на срцето мое — пропаднаа.

12ⓒА тие сакаат ноќта во ден да ја претворат и светлината брзо да дојде, кога мракот паѓа.

13А мојата надеж е одењето в гроб и таму во темнина да ја постелам постелата своја;

14на гробот ќе му речам: ти си ми татко, а на црвот — ти си ми мајка и сестра.

15ⓓКаде е надежта моја? И кој може неа да ја види?

16ⓔЌе слезе таа во пеколот и заедно со мене во правот ќе почива.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>