Јов 22:1-30 MKDB2006 - Bible AI

1Проговори тогаш Елифаз од Теман и рече:

2„Зар човек може да Му биде ко­рисен на Бога? Мудриот сам за себеси е полезен.

3Се радува ли Седржителот затоа што си праведен? И ќе има ли полза за Него, затоа што ги чуваш непороч­ни патиштата свои?

4Зар Тој, плашејќи се од тебе, ќе влезе во борба со тебе, ќе појде ли да се суди со тебе?

5Навистина, твојата злоба е голема, и беззаконијата твои крај немаат.

6Навистина, ти земаше залог од браќата свои за ништо и на полуголи им ги соблекуваше алиштата нивни.

7На измачен од жед не му даваше вода да се напие, а на гладен леб му откажуваше;

8а на силен човек му даваше земја, и повидниот се населуваше на неа.

9Вдовиците ги испраќаше без ни­што, и сираците ги оставаше со праз­ни раце.

10Затоа околу тебе има стапици, и неочекуваниот ужас те збунува.

11Темнина е околу тебе, во која ни­ш­то не гледаш и голема вода те по­крива.

12Нели Бог е повисоко од небесата? Погледај ги горе ѕвездите, колку се високо тие!

13И ти велиш: ‚што знае Бог?‘ Може ли Тој да суди во мрак?

14Облаците се Негова завеса, така што не гледа, туку само оди по небесниот круг.

15Зар ти не одиш по патот на старите, по кој оделе беззакониците,

16а кои предвреме беа истребени, кога водата се беше разлеала под основите нивни?

17Тие му велеа на Бога: ‚отстрани се од нас! И што ќе им направи Седржителот?‘

18Тој ги полнеше со богатство куќите нивни. — Но далеку да е од мене советот на безбожниците!

19Ќе видат праведници и ќе се радуваат, а непорочните ќе им се потсме­ваат:

20‚Непријателите наши пропаднаа, а имотот нивни оган го гори.‘

21Зближи се со Него — и ќе бидеш спокоен; преку тоа ќе ти дојде доброто.

22Прими го од устата Негова зако­нот и стави ги зборовите Негови во срцето свое.

23Ако се обрнеш кон Седржителот, одново ќе се средиш; ќе го отстраниш беззаконието од шаторот свој;

24тогаш ќе го фрлиш драгоцениот метал во прав, и во поточните камења — офирското злато.

25Седржителот ќе биде твоето злато, ќе биде за тебе како блескаво сребро.

26И тогаш ќе се радуваш на Се­држи­телот, ќе го кренеш лицето свое кон Бога.

27Ќе Му се помолиш, и Тој ќе те чуе, и ти ќе ги исполниш заветите свои.

28Ќе наумиш нешто, и тоа ќе се исполни, над твоите патишта ќе свети светлина.

29Кога некој ќе биде понизен, ќе речеш: ‚угоре!‘ и Тој ќе го спаси оној со наведнатото лице;

30ќе го спаси и виновниот; а ќе го спаси преку чистотата на твоите раце.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>