Јов 23:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1Одговори Јов и рече:

2ⓨ„Дури и сега зборот мој е горчлив, страдањата мои се потешки од воз­дишките мои.

3ⓩО, да знаев како да Го најдам, да можев да се приближам до престолот Негов!

4ⓐБи го изложил пред Него моето дело и би ја наполнил устата своја со оправдание;

5ⓑќе ги дознаев зборовите, со кои ќе ми одговори, ќе разберев што ќе ми каже.

6Му треба ли голем напор за да се спори со мене? О, не! Туку само малку внимание ми треба.

7ⓒТогаш праведникот би можел да се оправда пред Него, — и јас засекогаш би се ослободил од својот Судија.

8Но, ете, јас одам напред — а Него Го нема, назад се враќам — и не Го наоѓам;

9врши ли Тој нешто на левата страна, јас не Го гледам, се крие ли на десната — не Го забележувам.

10ⓓНо, Тој го знае патот мој, нека ме испита, — ќе излезам како злато чист.

11ⓔНогата моја здраво се држи за патеките Негови; патиштата Негови ги пазев и не се отстранував.

12Од заповедите на устата Негова не отстапував; зборовите на устата Негова ги пазев повеќе отколку моите правила.

13ⓕНо Тој е силен; кој ќе Го отстра­ни? Тој го прави она што го сака душата Негова.

14Тој ќе го направи она што го наумил за мене, слично на тоа во Него има многу.

15ⓖЗатоа јас треперам пред лицето Негово; кога мислам за тоа — се пла­шам од Него.

16ⓗБог ме обесхрабри, Седржителот ме уплаши.

17ⓘЗошто не сум уништен пред оваа темнина? Зошто не го сокри мракот од лицето мое?“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>