Јов 25:1-6 MKDB2006 - Bible AI

1Проговори пак Вилдад од Шуах и рече:

2ⓗ„Власт и страв има во Него; Тој создава мир во Своите височини!

3ⓘИмаат ли број Неговите војски? И врз кого не изгрева светлината Не­гова?

4ⓙИ како може човекот да биде прав пред Бога? Како да биде чист родениот од жена?

5ⓚЕте, дури и месечината, и таа не е светла, и ѕвездите се нечисти пред очите Негови.

6А камоли човекот, кој е црв, и синот човечки, кој е молец.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006