1Одговори на тоа Јов и рече:
2ⓛ„Како му помогна ти на слабиот, како ја поткрепи раката на немоќниот!
3ⓜКаков совет му даде ти на неразумниот и како ја покажа својата мудрост!
4ⓝКому му ги кажуваше тие зборови? Чиј дух излегуваше од тебе?
5ⓞПодлабоко од водите, и под оние што живеат во нив, треперат мртовците.
6ⓟСветот на мртвите е откриен пред Него, и нема покривка над него.
7ⓠГо послал Тој северот над празнината, ја закачил земјата на ништо.
8ⓡТој ги заклучува водите во облаците Свои, и облакот под нив не се отвора.
9ⓢГо поставил престолот Свој и го распнал над него Својот облак.
10ⓣСтавил круг над водната површина на границата меѓу светлината и темнината.
11ⓤСтолбовите небески се тресат и треперат од силата Негова.
12ⓥСо силата Своја го бранува морето и со разумот Свој го поразува беснеењето негово.
13ⓦСо Својот Дух го разбистри небото; раката Негова ја прободе лукавата змија.
14ⓧЕте, тоа се делови од патиштата Негови; а колку малку сме слушале за Него! И кој може да го разбере громот на Неговата моќ?“