Јов 27:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:

2„Жив е Бог, Кој ме лиши од суд, и Седржителот, Кој ја огорчи душата моја,

3зашто, додека уште здивот мој е во мене и духот Божји во ноздрите мои,

4устата моја нема да проговори неправда и јазикот мој нема да ис­каже лага!

5Далеку е од мене мислата да ве признаам за справедливи; додека не умрам, нема да отстапам од својата непорочност.

6Цврсто ја држев правдата своја и нема да отстапам од неа; нема да ме прекори срцето мое во сите денови мои.

7Непријателот мој ќе биде како безбожник, и оној што станува против мене — како беззаконик.

8Зашто, каква надеж за лицемерниот, кога Бог ќе ја земе, кога ќе ја истргне душата негова?

9Ќе го чуе ли Бог викањето негово, кога ќе го снајде неволја?

10Ќе се утешува ли тој со Седржи­телот и ќе Го повикува ли Бога во секое време?

11Ќе ви кажам што има во раката Божја; нема да сокријам што има кај Седржителот.

12Ете, сите сами видовте; па зошто толку празни зборови кажувате?

13Ете, тоа е делот од Бога за беззаконикот и наследство што насилниците го добиваат од Седржителот.

14Ако синовите негови се умножу­ваат, меч ги чека; потомците негови нема да се наситат со леб.

15Оние што ќе останат по него, смртта ќе ги турне в гроб, а вдови­ците нивни нема да плачат по нив.

16И да натрупа купишта сребро како прав и да приготви многу облека, како земјен нанос,

17тој ќе приготви, но ќе се облекува праведникот, а непорочниот ќе го добие среброто како свој дел.

18Си гради куќа како молец и како чувар си прави колиба;

19легнува да спие богат, и не станува таков; отвора очи, и не е повеќе тој.

20Ужаси како голема вода ќе го стигнат; ноќе ќе го грабне луња.

21Ќе го крене источниот ветар и виор ќе го понесе, и брзо ќе го однесе од местото негово.

22Бог ќе го допушти тоа врз него и нема да го пожали, колку и да се труди да избега од рацете Негови.

23Ќе заплескаат со рацете по него и ќе му потсвирнат од местото негово!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>