1Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:
2ⓕ„О, да бев како во поранешните месеци, како во оние денови, кога Бог ме чуваше,
3кога светилото Негово светеше над главата моја, и под Неговата светлина одев среде темнина;
4ⓖкако што бев во деновите на своите млади години, кога милоста Божја беше над шаторот мој,
5ⓗкога Седржителот уште беше со мене, и децата мои околу мене,
6ⓘкога нозете мои се бањаа во млеко, кога од карпата за мене маслиново масло течеше,
7кога излегував пред градските порти и го поставував седиштето мое на плоштадот, —
8ⓙмладите пат ми правеа, а старците стануваа и стоеја;
9кнезовите ги прекинуваа говорите свои и ставаа рака на устата своја;
10гласот на првенците замолкнуваше, јазикот им се залепуваше за непцата нивни.
11Уво што ќе ме чуеше, велеше: блазе си ти; око што ќе ме видеше, ме восфалуваше,
12ⓚзашто јас го спасував страдалникот што викаше и беспомошниот сирак.
13ⓛВрз мене доаѓаше благословот на оној што пропаѓаше; на вдовичиното срце му донесував радост.
14ⓜСе облекував во правда, и судот ми беше како наметка и венец.
15ⓝЈас бев очи на слепиот и нозе на хромиот;
16ⓞза сиромасите бев татко и внимателно ја проучував поплаката, која не ја знаев.
17ⓟНа беззаконикот му ги кршев забите, и од забите му го истргнував украденото.
18ⓠПа си велев: ‚Ќе свршам во гнездото свое, и дните мои ќе бидат многу — како песокот.‘
19ⓡКоренот мој беше покрај вода, росата ноќеваше на гранките мои;
20ⓢславата моја се подмладуваше, и лакот мој стануваше појак во раката моја.
21Ме слушаа и чекаа; и не мрмореа на советот мој.
22ⓣПо моите зборови веќе не расудуваа; зборот мој ги натопуваше нив.
23Ме очекуваа како дожд; ја отвораа устата како за задоцнет дожд.
24ⓤСе случуваше, ќе им се насмевнев, — тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа.
25Кога одев кај нив, седев на чело; и живеев како цар меѓу војници, како утешител на оние што плачат.“