1Потоа ја отвори Јов устата своја и го проколна денот на своето раѓање.
2Почна Јов и рече:
3
4Тој ден нека биде темнина; да не го побара Бог одозгора и да не изгрее над него светлина!
5
6Таа ноќ, — темнина да ја опфати, да не се смета меѓу дните на годината, да не влезе во бројот на месеците!
7О, таа ноќ! Без луѓе да беше; веселба во неа да немаше!
8Нека ја проколнат оние, кои го колнат денот, оние кои знаат да го разбудат чудовиштето водено!
9Нека потемнат ѕвездите на мугрите нејзини; да ја чека светлината и таа да не дојде и да не ги види трепките на зората;
10зашто не ги затвори дверите на мајчината ми утроба и не ја сокри тагата од очите мои!
11
12Зошто ме прифатија на колена? Што ми требаше да цицам гради?
13И сега ќе лежев и ќе почивав; ќе спиев и ќе ми беше спокојно
14
15или со кнезови, кои имаа злато и кои ги полнеа домовите свои со сребро;
16
17
18Таму затворениците заедно се насладуваат од спокојство и не ги слушаат викотниците на надзирателот.
19Мал и голем таму се рамни; робот е слободен од господарот свој.
20Зошто на страдалникот му е дадена светлина, и живот — на душевно огорчените,
21
22
23
24
25
26Нема за мене мир, нема спокојство, нема утеха; настапи зло.“