Јов 30:1-31 MKDB2006 - Bible AI

1„А сега ми се потсмевнуваат помладите од мене, оние, чии тат­ковци не би се согласил да ги ставам со кучињата на стадата свои.

2И за што ми е силата на нивните раце? Над нив помина веќе времето.

3Истоштени од сиромаштија и глад, тие бегаа во рамнина безводна, темна и запустена;

4собираа посолени лисја од грмушка и смрекови корења им беа храна.

5Ги гонеа луѓето и викаа по нив како по крадци.

6Живееја во поточни долови, земни дупки и пештери.

7Викаа меѓу грмушките, се вовираа под трњето.

8Луѓе отфрлени, луѓе безимени; со стап протерани од земјата.

9Ете, ним им станав јас сега пот­смев и приказ за разговорот нивни.

10Тие се гадат од мене, ме одбегнуваат и не се воздржуваат дури и да плу­каат на мене.

11Затоа што Бог ми го олабави ла­кот и ме кутна на земја, тие немаат никаква воздржаност во мое присуство.

12Оддесно се крева тој изрод, ме пова­лија и кон мене ги насочија па­тиштата свои погубни.

13А мојот пат го разрушија: сѐ напра­вија за мојата погибел, без ни­чија помош.

14Доаѓаат кај мене како низ широк пролом; шумно се нафрлуваат врз мене.

15Ужаси ме сполетаа; како ветар се расеа моето величие, и доброто мое од­мина како облак.

16Сега душата ми се топи во мене; мачни денови ме налегнаа.

17Ноќе ме вртат коските мои, жилите ми немаат мир.

18Со голема мака се соблекува од мене облеката моја; јаката на мојот хитон ме задавува.

19Тој ме фрли во калта; станав како прав и пепел.

20Викам кон Тебе, и Ти не ме слу­шаш, — стојам, а Ти само ме гледаш.

21Ти стана жесток спрема мене, со силна рака ме поразуваш.

22Ти ме крена и ме натера да се носам по ветар и ме сотираш.

23Знам дека Ти ќе ме дотераш до смрт, во домот каде што се собираат сите живи.

24Зарем не подава рака оној што се дави? Не бара ли помош човек во несреќа?

25Зар не сум плачел за оној што беше во зло, не тажеше ли душата моја за бедните?

26Додека го чекав доброто, дојде злото; дури чекав светлина, дојде тем­нина.

27Утробата моја врие без престан и не се смирува; мачни денови ми наидоа.

28Одам поцрнет, но не од сонце; ста­нувам во собранието и викам.

29Станав брат на чакалите и пријател на ноевите.

30Кожата ми поцрне на мене, а кос­ките ми се исушија од горештина.

31И гуслата ми стана таговна, и свирката моја — глас плачевен.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>