1Продолжи пак Елијуј и рече:
2ⓛ„Мислиш ли ти дека е право тоа што го рече: ‚Праведен сум пред Господ?‘
3Ти рече: ‚Каква полза за мене и каква корист ќе имам, ако грешам?‘
4Јас ќе ти одговорам и на тебе и на твоите пријатели:
5ⓜПогледај кон небото и види; загледај се во облаците — тие се повисоки од тебе.
6ⓝАко грешиш, што ќе Му направиш Нему? И ако твоите престапи се умножуваат, што Му причинуваш Нему?
7Ако си праведен, што Му даваш? Или што ќе добие од раката твоја?
8ⓞТвојата нечесност може да му направи лошо на човек како тебе; а твојата праведност може да му помогне на синот човечки.
9Од многу насилници офкаат угнетените и од рацете на силните пиштат;
10ⓟно никој не вели: ‚Каде е Бог, мојот Создател, Кој дава песни ноќе,
11Кој нѐ прави поразумни од земниот добиток и помудри од птиците небески?‘
12Тогаш тие викаат, но Тој не им одговара, поради гордоста на лошите луѓе.
13Но Бог слуша, Седржителот го гледа тоа.
14ⓠМакар и да велиш дека не Го гледаш, но судот е пред Него, и — очекувај го.
15А сега, бидејќи гневот Негов не го посети, и Тој не го испита со сета строгост,
16ⓡзатоа, Јов, лесномислено ја отвора устата своја и без размислување, неразумно говори.“