Јов 36:1-33 MKDB2006 - Bible AI

1И пак продолжи Елијуј и рече:

2„Стрпи се малку, ќе ти покажам, зашто има уште нешто да кажам за Бога.

3Ќе го почнам зборот мој оддалеку и ќе ти покажам дека мојот Создател е справедлив,

4навистина зборовите мои не се лага: пред тебе е оној, кој исправно мисли.

5Ете, Бог е моќен, но никого не пре­зира; силен е со крепкото срце Свое;

6не ги поддржува безбожниците, а угнетените ги оправдува;

7не ги отстранува очите Свои од пра­ведниците, но заедно со царевите ги става засекогаш на престол; и тие се воздигаат.

8Ако, пак, се оковани во вериги и се држат во оковите на неволјата,

9тогаш им ги напомнува делата нив­ни и беззаконијата нивни, бидејќи се умножиле.

10Го отвора увото нивно за вразумување, им вели да се оттргнат од беззаконието.

11Ако послушаат и почнат да Му слу­жат, ќе ги поминат дните свои во добро и годините свои во радост;

12Ако, пак, не послушаат, гинат од стрела и умираат во безумие.

13Но лицемерните имаат во срцето свое гнев и не се обрнуваат кон Него, кога ги врзува во окови;

14затоа душата нивна умира во млади години, и животот нивни згаснува со блудници.

15Тој го спасува страдалникот од маката негова и, кога е угнетен, му го отвора увото.

16И тебе би те извел Тој од теснината на широко, каде што нема угнетување; и трпезата твоја би била полна со мрс;

17Но ако ти си полн со безбож­нички мисли, судот и осудувањето ќе те снајдат.

18Да не те порази Божјиот гнев со казна! Голем откуп нема да те избави.

19Нема да гледа на Твоето богатство, ниту на златото, ниту на какво и да било сокровиште твое.

20Не воздивнувај за онаа ноќ кога народите се истребуваат на местото свое.

21Чувај се, не подавај се на нечестието што си го претпочитал пред стра­дањето.

22Бог е најголем со силата Своја; кој е таков учител, како Него?

23Кој ќе Му Го посочи патот Не­гов? Кој може да Му каже: постапуваш неправедно?

24Не заборавај да ги величаш делата Негови, што луѓето ги гледаат.

25Сите луѓе можат да ги видат; човек може да ги види и оддалеку.

26Ете, Бог е голем, и ние не можеме да Го познаеме; бројот на годините Негови е неиспитан.

27Тој ги води водните капки: тие собрани се лијат како дожд,

28капат од облаците и се изливаат изобилно врз луѓето.

29И кој може да го разбере ширењето на облаците, трескотот во шаторот Негов?

30Ете, Тој ја распростира врз нив светлината своја и го покрива морското дно.

31Оттаму Тој ги суди народите, дава храна во изобилие.

32Тој крие во дланките Свои молња и ѝ заповеда кого да удри.

33Грмењето дава знак да се знае за неа; и добитокот чувствува што станува.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>