Јов 37:1-24 MKDB2006 - Bible AI

1„И од тоа трепери срцето мое и се крева од местото свое.

2Чујте, чујте го гласот Негов и громот што излегува од устата Негова.

3Под целото небо се разнесува грме­жот Негов, и светкавицата Него­ва — до краиштата на земјата.

4По Него гром се разгласува; грми Тој со гласот на Своето величие и не го запира, кога гласот Негов ќе се чуе.

5Чудно грми Бог со гласот Свој, врши големи дела, за нас недостижни.

6Зашто Тој му вели на снегот: — паѓај на земјата; и ситниот и крупниот дожд се во Негова власт.

7Тој става печат врз раката на секој човек, за да ги знаат сите луѓе Неговите дела.

8Тогаш ѕверот оди во прибежиштето и си останува на леглото свое.

9Од југ доаѓа бура, од север — студ.

10Од дувањето Божјо настанува лед: водената површина се собира.

11Со влага ги полни облаците; а од облаците зрачи светлината Негова,

12и тие се движат по целата земја според волјата Негова, за да го извршат она што им го заповедал Тој.

13Тој им заповеда да отидат или за казна, или за благослов, или за помилување.

14Вслушај се во ова, Јов; стој и гледај ги чудесните дела Божји.

15Знаеш ли како Бог ги распоредува и како ѝ заповеда на светлината да болска од Неговиот облак?

16Ја разбираш ли рамнотежата на облаците, чудното дело на Најсоврше­ниот во секое знаење?

17Како се стоплува облеката твоја ко­га ја успокојува земјата од југ?

18Со Него ли го распна небото, кое стои така цврсто како излеано огледало?

19Научи нѐ што да Му кажеме. Во овој мрак не можеме ништо да распо­знаеме.

20Ќе му биде ли јавено што зборувам јас? Кажал ли некој дека Нему Му се соопштува што е зборувано?

21Сега не се гледа болскавата свет­лина во облаците, но ќе дувне ветер и ќе ги расчисти.

22Убавото време доаѓа од север, и околу Бога убавината е преголема.

23Седржител! Ние не Го достигнуваме. Голем е по сила, по судот и по полнотата на правосудието, но Тој никого не го угнетува.

24Поради тоа нека се плашат пред Него луѓето и нека треперат пред Него сите мудри по срце!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>