4ⓕКаде беше ти кога ги поставував основите на земјата? — кажи, ако знаеш.
5ⓖКој ѝ ги определи мерките, знаеш ли? Кој го оптегнува јажето околу неа?
6ⓗВрз што се зацврстени основите нејзини? Кој ѝ го положи аголниот камен,
7кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост?
8ⓘКој го затвори морето со врата, кога тоа се истргна, та излезе како од утроба;
9ⓙкога облаците ги направив негова облека и маглата — негова повивка;
10ⓚкога му ја дадов Мојата наредба и му наместив клучалки и врата;
11кога му реков: ‚Дотука ќе дојдеш и нема да преминуваш, и тука е границата на твоите горди бранови?‘
12ⓛСи му давал ли ти некогаш во животот свој заповед на утрото и си ѝ го посочувал ли на зората местото нејзино,
13за да ги опфати краиштата на земјата и да ги истресе од неа безбожниците,
14за да се измени земјата како глина под преса и да стане како разнобојна облека,
15ⓜда се одземе од беззакониците светлината нивна и да се скрши издигнатата рака нивна?
16ⓝСи слегувал ли во длабочината морска и си влегувал ли да ја испитуваш бездната?
17ⓞСе отворале ли пред тебе вратите на смртта; си ја видел ли ти вратата на смртната сенка?
18ⓟСи ја разгледал ли ширината на земјата? Кажи го, ако го знаеш сето тоа.
19ⓠКаде е патот кон живеалиштето на светлината и каде е местото на темнината,
20за да стигнеш до границите нејзини и да ги знаеш патеките до домот нејзин?
21ⓡТи го знаеш тоа, зошто тогаш беше веќе роден и бројот на дните твои е мошне голем!
22ⓢСи влегувал ли ти во местата на снегот и си ги видел ли сокровиштата на градот,
23што Јас ги чувам за смутно време, за денот на битка и војна?
24ⓣПо кој пат се разлева светлината и се разнесува источниот ветар по земјата?
25ⓤКој ги отвора потоците за изливање на водата и патот за громоносните светкавици,
26за да паѓа дожд врз земјата без луѓе, врз пустината, каде што нема човек;
27за да ја заситува пустината и степата и да ги разбудува зелените 'ркулци да никнуваат?
28ⓥИма ли дождот татко? Или кој ги раѓа капките на росата?
29Од чија утроба излегува мразот; и кој ја раѓа небеската слана?
30Водите како камен да се зацврстуваат, и површината на бездната да замрзнува.
31ⓦМожеш ли да го врзеш јазолот на Плејадите, да ги разврзеш врските на Орион?
32Можеш ли да ја изведуваш Деница во времето нејзино и да ја водиш Големата Мечка со нејзините малечки?
33ⓧГи знаеш ли законите на небото, можеш ли да уредиш тоа да владее над земјата?
34ⓨМожеш ли да го кренеш гласот свој до облаците, за да те покрие обилно водата?
35ⓩМожеш ли да испраќаш молњи, и штом тргнат, да ти речат: ‚еве нѐ?‘
36Кој вложи мудрост во срцето, и кој му даде смисла на разумот?
37ⓐКој може да ги преброи облаците со својата мудрост и да ги задржи садовите од небото,
38ⓑкога правот се претвора во кал и грутките се слепуваат?