1Одговори Елифаз од Теман и рече:
2ⓓ„Ако се обидеме да ти проговориме, нема ли да ти биде тешко? Но кој може да ги сопре своите зборови!
3Ете, ти мнозина си советувал и си поткрепувал изнемоштени раце,
4твоите зборови го исправале оној што паѓал, си поткрепувал раслабени колена.
5ⓔА сега злото дојде до тебе, и ти изнемоште; допре до тебе, и ти падна со духот.
6Твојата богобојазливост не треба ли да биде твоја надеж, и непорочноста на твоите патишта — твоја поткрепа?
7ⓕСпомни си, загинал ли некој невин, и каде праведните биле искоренувани?
8ⓖкако што сум гледал: оние што ораат нечесност и сеат зло, тоа и го жнеат;
9ⓗод здивот Божји загинуваат и од духот на гневот Негов исчезнуваат.
10ⓘРикањето на лавот, гласот на тигарот и забите на лавчињата се кршат;
11ⓙсилниот лав загинува кога нема плен, лавчињата на лавицата се распрснуваат.
12И, ете, до мене скришно долета збор, и увото мое долови нешто од него.
13ⓚСреде размислувањата за ноќните виденија, кога сонот ги обзема луѓето,
14ⓛмене ме зафати страв и трепет и ги растресе сите мои коски.
15И дух помина над мене; косата ми се крена.
16ⓜТој застана, — но јас не го видов лицето негово, — само облак беше пред очите мои; тивко веење, и чув глас:
17ⓝ‚Зар човекот може да биде поправеден од Бога? И може ли тој да биде почист од својот Создател?‘
18Ете, Тој и на слугите Свои не им верува и во ангелите Свои наоѓа недостатоци:
19ⓞдотолку повеќе кај оние, кои живеат во земјени куќи, чии основи се од прав и кои пропаѓаат и од молец.
20Меѓу утрото и вечерта тие се растураат; нема ни да забележиш како исчезнале наполно.
21ⓟЈажето што ги крепеше е скинато. Тие умираат без да станат мудри.“