Јов 41:1-26 MKDB2006 - Bible AI

1Ете, надежта е суетна. Нема ли да паднеш само од еден негов поглед?

2Нема толку силен кој би се осмелил да го обеспокои; и кој може да опстане пред Моето лице?

3Кој Ми дал нешто порано, та Јас да му вратам? Под целото небо сѐ е Мое.

4Нема да премолчам за деловите негови, за силата негова и телесната структура.

5Кој може да ја симне горната облека негова, кој ќе се приближи до двојните челусти негови?

6Кој може да ја отвори вратата на лицето негово? Забите негови нао­колу се ужас,

7јаките штитови негови — велико­лепие; тие се зацврстени како со тврд печат;

8еден до друг се допираат толку блиску, така што и воздух не минува меѓу нив;

9еден до друг стојат збиени, сле­пени се и не се разделуваат.

10Кога кива, испушта светлина; очите му се како зраци на зората:

11од устата негова излегуваат пламени јазици, излегуваат огнени искри;

12од ноздрите негови излегува па­реа, како од зовриено грне или котел.

13Здивот негов е разгорен јаглен, а од устата негова излегува пламен.

14Во вратот негов е силата негова, и пред него ужас се шири.

15Месестите делови на телото му се сплотени силно меѓу себе, не мрдаат.

16Срцето му е цврсто како камен, кораво како долен воденички камен.

17Кога се подига, јунаци треперат, сосема се губат од ужас.

18Кој меч ќе се допре до него, не издржува; не издржува ни копје, ни кратко копје, ни стрела.

19Железото за него е како слама, бакарот — како гнило дрво.

20Удар од стрела нема да го подгони; камењата од праќата во плева се претвораат за него.

21Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од копјето тој се смее.

22Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта.

23Тој прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст;

24зад себе остава светла трага; бездната изгледа како бело руно.

25На земјата нема сличен на него: Тој е создаден бестрашен;

26со презир ги гледа и најголемите свои непријатели.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>