Јов 42:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1Му одговори Јов на Господ и рече:

2„Знам дека Ти сѐ можеш и дека на­мерата Твоја не може да биде неиз­вршена.

3Кој е тој што го помрачува Прови­дението со зборови што не ги разбира? Ете, јас го говорев она што не го разбирав, за чудни дела што не можев да ги знам.

4Послушај ме, викав јас, и ќе говорам, и што ќе Те прашам, објасни ми го.

5Бев слушал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои Те гле­даат;

6затоа јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел.“

7И потоа, откако Господ му ги изго­вори на Јов овие зборови, му рече на Елифаз од Теман: „Се разгоре гневот Мој против тебе и против двајцата другари твои, затоа што не зборувавте за Мене вистина, како Мојот слуга Јов.

8Затоа, земете си со себе седум телиња и седум овни, па одете кај Мојот слуга Јов и принесете си за себе жртва; и Мојот слуга Јов ќе се помоли за вас, зашто само неговото лице ќе го примам, за да не ве отфрлам, поради тоа што не говоревте за Мене вистина, како слугата Мој Јов.“

9И отидоа Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Ноема, и направија како што им заповеда Господ, а Гос­под го прими застапништвото Јовово.

10Му ја врати Господ на Јов загубата, кога тој се помоли за пријателите свои; и му даде Господ на Јов двојно повеќе од она што го имаше пред тоа.

11Тогаш дојдоа кај него сите негови браќа и сите негови сестри и сите него­ви поранешни познати, па јадеа со него леб во куќата негова и му изјавија сочувство, утешувајќи го за сето зло што Господ го беше допуш­тил врз него, и секој му даде по една кесита и по еден златен прстен.

12И ги благослови Бог последните денови на Јов повеќе од претходните: тој имаше четиринаесет илјади дре­бен добиток, шест илјади камили, ил­јада чифта волови и илјада магарици.

13Имаше и седум синови и три ќерки.

14Првата ја именува Јемима, втората — Кеција, а третата — Керенхапух.

15По целата земја немаше такви уба­ви жени, како ќерките на Јов; татко им и ним им даде наследство меѓу браќата нивни.

16По ова, Јов живееше сто и четирие­сет години и доживеа да види синови и внуци до четвртото колено.

17Умре Јов стар и сит од животот.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>