Јов 5:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1„Ајде викај! Има ли кој да ти одговори? На кого од светиите мислиш да му се обратиш?

2Вистина, гневот го убива глупавиот, раздразнетоста го погубува безумниот.

3Видов како глупавиот се закоренува, но веднаш проклетството на домот негов падна.

4Децата негови се далеку од спасение, нив ќе ги бијат кај портите; зашто ќе нема кој да ги заштити.

5Жетвата негова ќе ја изедат гладните, низ трњето ќе ја извлечат; ал­чните ќе го голтнат имотот негов.

6Не, жалоста не излегува од земјата, нити злото изникнува од почвата;

7човекот се раѓа, за да страда, како и искрите — за да летаат угоре.

8Но јас би се обрнал кон Бога и делото свое пред Бога би го поставил.

9Тој создава дела големи и неиспит­ливи, чудни и без број,

10ѝ дава дожд на земјата и им испраќа вода на полињата;

11понизените ги издигнува на висо­ко, и натажените ги утешува и ги спасува.

12Тој го урива она што лукавите го градат, рацете нивни не го довршу­ваат започнатото.

13Тој ги фаќа мудрите во стапицата на нивното лукавство, и замислата на итрите се осуетува;

14Среде бел ден запаѓаат во темнина; напладне одат со пипање, како ноќе.

15Тој го спасува сиромавиот од меч, а слабиот и од раката на силниот.

16И за слабиот има надеж, и неправдата ја затвора устата своја.

17Блажен е човекот кого Бог го опо­менува. Затоа не отфрлувај ги поуките на Седржителот,

18зашто Тој нанесува рани и Самиот ги преврзува; Тој поразува, и со Свои раце лекува.

19Од шест беди ќе те избави и во седмата зло нема да те стигне.

20Во време на глад ќе те спаси од смрт, и во војна — од острината на мечот.

21Од камшикот на јазикот ќе се со­криеш, и нема да се уплашиш од опустошувањето кога ќе дојде.

22На опустошувањето и на гладот ќе им се потсмееш, од ѕверовите земни не­ма да се уплашиш;

23зашто си во сојуз со камењата полски, а полските ѕверови се во мир со тебе.

24Ќе дознаеш дека куќата ти е во безопасност, ќе си го гледаш живеа­лиштето и нема да згрешиш.

25Ќе видиш дека семето ти е многу­бројно, а челадта твоја е како трева на земјата.

26Ќе легнеш во гроб кога ќе стигнеш до зрелост, како што се редат житните снопја.

27Ете, тоа сме го испитале: вистината е жива; затоа чуј го сето ова и запомни го добро.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006