Јов 8:1-22 MKDB2006 - Bible AI

1Тогаш одговори Вилдад од Шуах и рече:

2„До кога ќе говориш така? И збо­ровите од устата твоја се бурен ветар!

3Зар Бог суди криво? Може ли Седржителот да ја изопачи правдата?

4Ако твоите синови пред Него згре­шиле, затоа и ги предал на нивното беззаконие.

5Но ако Го побараш Бога и Му се помолиш на Седржителот,

6и ако си чист и праведен, тогаш Тој ќе бдее над тебе и ќе те врати во твојата праведност.

7И ако порано си имал малку, после ќе имаш повеќе.

8Запрашај ги поранешните поколе­нија и вникни во мудроста на нивните предци;

9ние сме вчерашни и ништо не знае­ме, нашите дни се како сенка на земјата.

10Зар тие нема да те научат, зар тие нема од срцето свое да кажуваат збо­рови:

11никнува ли трска без влага? Расте ли шамак без вода?

12Додека е сѐ уште зелен и нео­косен, тој се суши пред секоја трева.

13Такви се патиштата на сите, кои Го забораваат Бога; така пропаѓа надежта на безбожникот;

14надежта му е тенка нишка, вербата негова — мрежа пајакова.

15Ако се потпре на куќата своја, нема да издржи; ќе се фати ли за неа, нема да додржи.

16Се зеленее тој, на сонцето вирее, неговите фиданки градината ја пре­к­риваат,

17во грамада од камења се вплетуваат корењата негови, живот црпи од живиот камен.

18Но кога ќе го искорнат од местото негово, тоа ќе се откаже од него: не сум те видело!

19Ете ја радоста на неговиот пат! А од земјата никнуваат растенија други.

20Не, Бог не ги отфрла непо­рочните и не ја поддржува раката на беззакониците.

21Со смеа ќе ја наполни устата твоја, и усните твои — со радосни извици.

22Оние што те мразат, со срам ќе се покријат, живеалиштето на нечес­ните ќе исчезне.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006