Јоил 2:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека трепе­рат сите жители земни, зашто доаѓа денот Господов, близу е

2денот на темнина и мрак, денот об­лачен и црн: како зората се шири по горите многуброен народ и силен каков што немало од векот и каков што не ќе има потоа од род во род.

3Пред него оган ќе голта, а зад него пламен ќе пали; пред него е земјата како Едемска градина, а зад него земјата ќе биде опустошена како пустина, и за никого нема да има спас.

4Изгледаат како коњи, галопираат како коњаници,

5скокаат преку горските врвови како со тропот од коли, како шум од огнен пламен, кој гори слама — како силен народ построен за борба.

6Штом ќе се појави, ќе затреперат народите; лицата на сите ќе им побледат.

7Како борци ќе трчаат и како храбри борци ќе се искачуваат по карпите, и секој ќе си оди по својот пат и нема да отстапува од патот свој.

8И нема да се притискаат еден со друг, туку секој се држи до својот пат; незапирливо се пробиваат меѓу стрелите.

9Ќе навалат на градот, ќе се иска­чуваат по ѕидовите, ќе влегуваат во ку­ќите, ќе влегуваат и низ прозорците ка­ко крадци.

10Пред нив ќе се потресе земјата, ќе се расклати небото, сонцето и месе­чината ќе потемнат, а и ѕвездите ќе ја изгубат светлината своја.

11И Господ ќе го пушти гласот Свој пред Својата војска, зашто силата воинствена Негова е многу голема, и многу­бројни се оние што ќе ја извршуваат волјата Негова; зашто голем е денот Господов и многу е страшен, и кој ќе истрпи?

12Но и уште сега вели Господ: вра­тете се кај Мене од сѐ срце со пост, плач и ридание.

13Раскинете ги срцата свои, а не обле­ката и вратете се кај Господ вашиот Бог: зашто Тој е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува кога казнува.

14Кој знае дали нема да се смили и дали ќе остави благослов: лебен принос и прелив за Господ, вашиот Бог?

15Затрубете со труба на Сион, наредете пост и објавете свечен собир.

16Соберете го народот, свикајте со­бир, поканете ги и старешините, собе­рете ги децата и доенчињата; нека изле­зе младоженецот од свадбената соба и невестата од својата одаја.

17Меѓу тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господ и нека молат: „Смилувај се, Гос­поди, над народот Свој, не предавај го наследството Свое на срам, та да не се подигруваат со него народите! Зошто меѓу нив да се зборува — каде е нивниот Бог?“

18Тогаш Господ стана љубоморен за земјата Своја, па му се смилува и на народот Свој.

19Тогаш одговори Господ и му рече на народот Свој: „Еве, Јас ќе ви пратам леб, вино и масло, и ќе се наситите со тоа, и нема повеќе да ве предавам на срам пред народите.

20И непријателот од север ќе го мавнам и ќе го протерам во безводна и пуста земја — претходницата — во источ­ното море, а позадината — во западното море, и ќе се почувствува неговиот гни­леж, и ќе се почувствува смрдеа, зашто тој беше направил големо зло.

21Не бој се, земјо; радувај се и весели се, зашто Господ изврши големи дела.

22Не плашете се ѕверови полски, зашто пасиштата на пустината ќе се наполнат со трева, дрвјата ќе го дадат својот плод, смоквата и лозјата ќе дадат изобилен род.

23А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господ, вашиот Бог; зашто Тој ви дава умерен дожд, па ќе ви праќа дожд — пролетен дожд и есенски дожд, како и порано.

24И ќе се наполнат гумната со жито и ќе се преполнат бочвите со гроздов сок и со масло.

25И ќе ви надоместам за оние години, кога испојадоа сѐ скакулците, црвите, бумбарите и гасениците — Мојата голема војска што ја пратив против вас.

26Во изобилство ќе јадете и ќе се на­ситувате и ќе го славите името на Гос­под, вашиот Бог, Кој со вас постапи на чудесен начин, така што Мојот народ нема да се посрами довека.

27И ќе познаете дека Јас сум среде Израел и дека Јас сум Господ, вашиот Бог, и дека нема друг, и Мојот народ не­ма да се посрами довека.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>