1ⓞ ⓟ„И, ете, потоа ќе излеам од Мојот Дух врз секое тело, и синовите ваши и ќерките ваши ќе пророкуваат; старците ваши ќе сонуваат соништа и младите ваши ќе гледаат виденија.
2А и врз слугите и слугинките во оние денови ќе излеам од Мојот Дух.
3И ќе покажам знаци на небото и на земјата: крв, оган и столбови од дим.
4ⓠСонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината — во крв, пред да настапи денот Господов, великиот и страшниот.
5ⓡТогаш секој, што ќе го призовува името Господово, ќе се спаси; бидејќи на гората Сион и во Ерусалим ќе има спасение, како што вели Господ, а меѓу преживеаните ќе бидат оние што ќе ги повика Господ.“