1ⓘИ ѝ заповеда Господ на една голема риба да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи.
2Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на рибата,
3ⓙпа рече: „Кон Господ повикав во мојата неволја и Тој ме чу; извикав од утробата на пеколот — и Ти го чу гласот мој.
4ⓚТи ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минуваа преку мене.
5ⓛТогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, како ќе ја видам светињата Твоја?
6ⓜМе притиснаа водите до гушата моја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена.
7ⓝСлегнав до корените на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ја изведе душата моја од јамата.
8Кога животот ми згаснуваше, се сетив на Господ, и молитвата моја стигна до Тебе, до светиот храм Твој.
9ⓞОние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден,
10ⓟно јас со благодарствена песна ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Во Господ е спасението!“
11Тогаш ѝ заповеда Господ на рибата, и таа го исфрли Јона на копното.