Јона 3:1-10 MKDB2006 - Bible AI

1И повторно дојде словото Господово до Јона, велејќи му:

2„Стани и појди во градот Ниневија, големиот град и проповедај му го она што ќе ти кажам.“

3Стана Јона и отиде во Ниневија по заповед на Господ; а Ниневија беше многу голем град: три дена одење.

4И Јона почна да оди по градот, кол­ку што можеше да се изоди за еден ден, и проповедаше, велејќи: „Уште чети­риесет дена и Ниневија ќе биде разурната!“

5И поверуваа Ниневјаните во Бога, прогласија пост и се облекоа во вреќи, мало и големо.

6Таа проповед дојде и до царот на Ниневија, и тој стана од престолот свој, ја соблече царската облека, се облече во вреќиште и седна во пепел,

7па заповеда да се прогласи и да се каже во Ниневија од името на царот и од неговите големци, ни луѓето, ни добитокот, ни воловите, ниту овците да не јадат ништо и да не одат на пасење и да не пијат;

8и луѓето и добитокот да бидат по­к­риени со вреќишта и силно да извикуваат кон Бога: секој да се откаже од својот лош пат и од неправдите што ги вршел.

9Кој знае, можеби Бог ќе се смилос­тиви и ќе го отфрли од нас Својот разгорен гнев, и така да не загинеме.

10И ги виде Бог нивните дела дека тие се одвратија од својот лош пат, па се сожали по однос на злото, за кое беше рекол дека ќе го нафрли врз нив, и не го нафрли.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>