Авакум 2:1-20 MKDB2006 - Bible AI

1Ќе застанам на стража, ќе се качам на кулата за да набљудувам за да разберам, што ќе ми каже Тој, и што ќе ми одговори на моите поплаки.

2Ми одговори Господ и ми рече: За­пиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ќе чита, да мо­же да го прочита;

3зашто видението се однесува на оп­ределеното време; тоа зборува за свр­шетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, зашто ќе наиде и нема да забави.

4И ете, гордата душа ќе пропадне, а праведникот ќе живее преку верата.

5Богатството е подмолно; гордели­виот нема да се одржи: тој ја раширува устата своја како пеколот, и ненаситен е како смртта; ги собира кај себе сите народи и ги ограбува сите племиња.

6Нема ли сите тие да го земат за при­каз и да испеат иронична песна: „Тешко му на оној што без мерка се збогатува, и тоа не со свое? До кога ќе се полниш со запленето богатство?“

7Нема ли да станат наеднаш оние, што ќе те измачуваат, и нема ли против тебе да се кренат грабители и ти ќе им станеш за грабеж?

8Бидејќи си ограбил многу народи, и тебе ќе те ограбат сите други народи, зашто си пролеал човечка крв, зашто си ја разорил земјата, градот и сите што живеат во него.

9Тешко му на оној, што се лакоми кон неправедни печалби за домот свој, за да го изгради домот свој на високо и така да се запази од раката на злото.

10Си нанесол тој срам за домот свој, откако си истребил многу народи, згре­шил против душата своја.

11Камењата од ѕидовите ќе повикаат и гредите дрвени ќе им одговорат:

12„Тешко му на оној кој ѕида град врз крв, и што гради тврдини врз неправда!“

13Ете, не е ли тоа од Господ Саваот што народите се трудат за оган и пле­мињата се измачуваат напразно?

14Зашто земјата ќе се исполни со пра­з­нување за славата Господова онака како што водите го исполнуваат морето.

15Тешко му на оној што го пои ближ­ниот свој со пијалок, измешан со злобата своја, за да ја види голотијата негова!

16Ќе бидеш презаситен со срам место со слава; пиј, пак, и ти и покажи ја голотијата своја и кон тебе ќе се сврти десницата Господова и срамот на славата твоја.

17Зашто твоето злосторство против Ливан ќе падне врз тебе, зашто си истребувал уплашени животни, бидејќи си пролевал човечка крв, си ги опустошувал земјата, градот и сѐ што живее во него.

18Каква корист има од резан лик, направен од уметник, од тој излеан ла­жен учител, макар што вајар, правејќи неми идоли, ќе се надева на делото свое?

19Тешко му на оној, кој на дрво вели — „Стани“ — и на нем камен — „Разбуди се.“ Ќе научи ли тој некого на нешто? Ете, тој е опкован со злато и сребро, но жив дух во него нема.

20А Господ е во Својот свет храм: нека замолкне целата земја пред лицето Негово!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>