Авакум 3:1-19 MKDB2006 - Bible AI

1Молитвата на пророкот Авакум — за пеење.

2Господи, чув за славата Твоја и се восхитувам на делото Твое. Повтори го во нашето време! Разгласи го во нашите дни! Во гневот Свој сети се на милост.

3Бог дојде од Теман и Светецот од гората Фаран. Величието Негово ги пок­ри небесата, и славата Негова ја ис­полни земјата.

4Болскотот Му е како сончева свет­лина, а од рацете Негови зрачи, и тука е скривалиштето на Неговата сила.

5Пред лицето Негово врви чума, а по стапките Негови — грозница!

6Тој стана и земјата се затресе; погледа — и во трепет ги доведе народите; одамнешни планини се распаднаа, првобитните ридови се урнаа; но патиштата Негови се вечни.

7Натажени ги видов шаторите етиопски; се стресоа колибите на земјата мидјанска.

8Зар против реките, Господи, пламнал гневот Твој? Зар против реките е Твоето негодување, или, пак, против морето е јароста Твоја — па си седнал на коњите Свои, на победничките бојни коли?

9Ти го извади лакот Свој и со отровни стрели го затегна. Со реки ја сечеш земјата.

10Кога Те видоа, планините затрепе­рија, водите навалија; бездната го пушти гласот свој и сонцето ги крена рацете свои.

11Месечината застана на своето место пред болскотот на вперените стрели Твои, пред светкањето на сјајните копја Твои.

12Во гнев одиш по земјата и во јарост ги газиш народите.

13Ти излегуваш за спасение на народот Твој, за спасение на помазаникот Свој. Ти ја поразуваш главата на нечес­тивиот дом, оголувајќи го од темелите до врвот.

14Со копјата нивни Ти го прободе водачот нивни, кога како виор се спуш­тија да ме разбијат, радосни, зашто мислеа дека скришум ќе го проголтаат сиромавиот.

15Газиш по морето со коњите Свои, преку длабините на големите води.

16Јас чув и внатрешноста моја затре­пери, при гласот Твој затреперија и ус­ните мои, болка почувствував во кос­ките мои, и местото под мене трепери; ќе се успокојам кога ќе дојде несреќ­ниот ден врз народот што нѐ угнетува.

17Макар и да не процути смоквата, а и да нема плод по лозите, макар маслината и да откаже, и нивата да не даде плод, макар и овците да не останат во трлото, па и рогат добиток во оборите да нема,

18јас и тогаш ќе се радувам во Господ и ќе се веселам во Бога на моето спасение.

19Господ Бог е мојата сила: Тој ќе ги направи нозете мои како на елен и ќе ме поведе по височините мои. На хороводителот: со жичени инструменти.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>