Агеј 1:1-15 MKDB2006 - Bible AI

1Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, на првиот ден од месецот, дојде слово Господово преку пророкот Агеј до Зоровавел, синот на Салатиил, управител на Јудеја, и до Исус, синот Јоседеков, првосвештени­кот.

2Вака вели Господ Саваот: „Овој на­род говори: Уште не е дојдено времето, не е време сега да се гради дом Госпо­дов.“

3И дојде слово Господово преку пророкот Агеј, велејќи:

4„А за вас време ли е да живеете во своите украсени домови, кога е свети­лиштето запустено?“

5Затоа сега вака вели Господ Саваот: „Преиспитајте ги своите патишта!

6Вие сеете многу, а собирате малку; јадете, а не се заситувате; пиете, а не се напивате; се облекувате, но не се стоп­лувате; оној што печали пари, ги става во дупнато ќесе.“

7Така вели Господ Саваот: „Преиспи­тајте ги своите патишта!

8Качете се на планината, донесете дрвја и градете го храмот, и тоа ќе Ми биде угодно, па ќе се прославувам, вели Господ.

9Очекувавте многу, а излегува малку, и што ќе внесете дома, тоа Јас го разнесувам. Зошто? — вели Господ Саваот: Затоа што домот Мој е запустен, додека секој од вас се грижи за домот свој.

10Па поради тоа небото се затвори и не ви дава роса и земјата не ви дава плодови.

11Затоа повикав суша врз земјата, врз горите, врз житото, врз гроздовите, врз маслото и врз сѐ што се раѓа од земјата, и врз човекот и врз добитокот, и врз секој ваш труд.“

12И Зоровавел, синот на Салатиил, и Исус, синот на Јоседек, и сиот друг народ го послуша гласот на Господ, својот Бог, а и зборовите на пророкот Агеј, како гласник на нивниот Господ Бог, и народот се подуплаши од Господ.

13Тогаш Агеј, гласникот Господов, испратен од Господ, му рече на народот: „Јас сум со вас“ — вели Господ.

14И Господ го подигна духот на Зоро­вавел, синот на Салатиил, управителот на Јудеја, духот на Исус, синот Јосе­деков, првосвештеникот, и духот на сиот друг народ — и тие дојдоа и почнаа да го градат домот на Господ Саваот, својот Бог;

15а тоа стана во дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората година на царот Дариј.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>