1Во седмиот месец, на дваесет и првиот ден од месецот, дојде слово Господово преку пророкот Агеј:
2ⓙ„Кажи им сега на Зоровавел, синот на Салатиил, управителот на Јудеја, и на Исус, Јоседековиот син, првосвештеникот, и на другиот народ:
3ⓚКој од вас што останавте, го видел овој храм во неговата поранешна слава, а како вие сега го гледате овој? Не е ли овој како ништо во вашите очи?
4ⓛНо охрабри се сега, Зоровавеле, — вели Господ — ободри се, Исусе, сине Јоседеков, првосвештенику, охрабрете се сите народи овде — вели Господ — и работете, зашто Јас сум со вас“, вели Господ Саваот.
5„Како што ви ветив, кога излеговте од Египет, Мојот Дух ќе биде меѓу вас: не плашете се!“
6ⓜЗашто вака вели Господ Саваот — „Уште еднаш — и ете, скоро ќе се случи тоа — ќе ги затресам небото и земјата, морето и копното;
7ⓝќе ги стресам сите народи — и ќе дојде богатството на сите народи и ќе се исполни овој дом со слава“, вели Господ Саваот.
8ⓞ„Среброто е Мое и златото е Мое“ — вели Господ Саваот.
9ⓟ„Славата на овој нов храм ќе биде поголема отколку на поранешниот — вели Господ Саваот; и на ова место ќе му дадам мир“, вели Господ Саваот.
10На дваесет и четвртиот ден од деветтиот месец, во втората година на Дариј, дојде слово Господово преку пророкот Агеј:
11ⓠ„Вака вели Господ Саваот — прашај ги свештениците за Законот и кажи —
12ⓡако некој би носел осветено месо во полата од облеката своја, и со полата би се допрел до леб, или до нешто варено или до вино, или до масло, или до какво и да е друго јадење, дали би се осветило тоа?“ Одговорија свештениците и рекоа: „Не.“
13ⓢПотоа пак рече Агеј: „Ако некој се осквернил, допирајќи мртовец и потоа би се допрел до тоа, дали би станало тоа нечисто?“ Одговорија свештениците и рекоа — „Ќе стане нечисто.“
14Тогаш рече Агеј — таков е и овој народ, такво е и ова племе пред Мене, вели Господ, и такви се сите дела на рацете негови! Па што и да принесувате, сѐ ќе биде нечисто.
15ⓣА сега размислете за минатото и за иднината, кога уште не беше положен камен на камен во овој храм Господов,
16ⓤкако изгледавте? Доаѓавте до купче од дваесет мери, а имаше само десет; доаѓавте да црпите од каца со зафатнина од педесет мери, а имаше само дваесет мери.
17ⓥВе поразував со гламја и со млечка по житата и со град во секое дело на рацете ваши, но вие не се обративте кон Мене, вели Господ.
18Размислете од денес за натаму, од дваесет и четвртиот ден во овој деветти месец, од денот кога беше основан храмот Господов; обратете ги срцата ваши:
19ⓦИма ли уште во житниците семе? Досега ни лозата, ни смоквата, ни нарот, ни маслината не даваа плод; а од денес Јас ќе ве благословувам.
20И дојде слово Господово до пророкот Агеј по вторпат на дваесет и четвртиот ден од месецот, и беше речено:
21ⓧ„Кажи му на Зоровавел, управителот на Јудеја: ќе го затресам небото и земјата;
22ⓨќе урнам престоли на царства незнабожечки, ќе превртам бојни коли и оние што ќе седнат во нив, и кутнати ќе бидат и коњите и коњаниците нивни ќе паднат, секој од мечот на својот другар.
23ⓩВо тој ден, вели Господ Саваот, ќе те земам, Зоровавеле, сине Салатиилов, слуго Мој, вели Господ, и ќе те држам како печат, бидејќи те избрав.“