Амос 2:1-16 MKDB2006 - Bible AI

1ⓞВака вели Господ: за трите престапи на Моав, и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги изгоре кос­ките на царот едомски во вар.

2ⓟПа ќе пратам оган врз Моав, и тој ќе ги проголта дворците на Кериот, и ќе загине Моав во метеж со викотница, при трубен звук.

3И ќе го истребам владетелот негов и ќе ги убијам сите кнезови негови заедно со него, вели Господ.

4ⓠТака вели Господ: за трите престапи на Јуда и за четири нема да го поште­дам, заради тоа што го отфрлија зако­нот на Господ и наредбите Негови не ги запазија; и идолите, по кои одеа татков­ците нивни, ги заведоа.

5ⓡИ ќе испратам оган врз Јуда, и тој ќе ги проголта дворците ерусалимски.

6ⓢТака вели Господ: за трите престапи на Израел и за четири нема да го пош­тедам, бидејќи тие продаваат праведник за пари, и сиромав за чифт сандали.

7ⓣГазат врз главите на сиромасите, и ги туркаат сиротите од патот; дури татко и син одеа при иста жена, за да го бесчестат Моето свето име.

8ⓤПри секој жртвеник лежат врз облеки, земени во залог, и вино изнудено од обвинети, пијат во домот на својот Бог.

9ⓥНо Јас ги истребив пред нив Амо­рејците, чија височина беше како висо­чината на кедар, и кој беше јак како даб; Јас го уништив и плодот негов го­ре, а и коренот негов долу.

10ⓦВас, пак, ве изведов од земјата еги­петска и ве водев по пустината четири­есет години, за да ја наследите земјата аморејска.

11ⓧОд синовите ваши избирав луѓе за пророци и од младинците ваши — за на­зири; зар не е така синови израелски? — вели Господ.

12ⓨА вие ги поевте назирите со вино и на пророците им заповедавте: не пророкувајте.

13Еве, Јас ќе ве притегнам, како што се стега кола, натоварена со снопја,

14ⓩи брзиот не ќе има сила за бегање, ни јакиот да издржи и храбриот да го спаси животот свој.

15ⓐНи стрелец нема да се додржи, ниту брзиот ќе избега, ниту пак оној на коњ ќе го спаси животот свој.

16ⓑИ најхрабриот од храбрите во оној ден ќе избега гол, вели Господ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>