Амос 3:1-15 MKDB2006 - Bible AI

1ⓒЧујте го овој збор, што го кажа Господ против вас, синови на Из­раел, против целото племе, кое го изведов од земјата египетска, велејќи:

2ⓓсамо вас ве признав од сите земни племиња, поради тоа и ќе ве казнам поради сите ваши беззаконија.

3Тргнуваат ли двајца заедно, ако не се договорат меѓу себе?

4ⓔРика ли лав во гора, кога нема пред него плен? Пушта ли глас лавче од својата пештера, ако ништо не уловило во неа?

5Паѓа ли птица во мрежа на земја, кога нема мрежа за неа? Ќе се подигне ли од земјата стапица, ако не се фати ништо во неа?

6ⓕТруби ли труба во град, а народот да не се уплаши? Се случува ли во градот зло, што не го дозволил Господ?

7ⓖЗашто Господ Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги — пророците.

8ⓗКога ќе зарика лав, кој нема да се исплаши? Господ Бог зборува — кој нема да пророкува?

9ⓘПрогласете од тврдините на Ашдод и од покривите на земјата египетска и кажете: соберете се по горите на Сама­рија и погледајте го големото бесчестие во неа и насилствата во неа.

10ⓙТие не знаат да постапуваат спра­ведливо, вели Господ: со насилие и гра­беж собираат добра во дворците свои.

11ⓚЗатоа, вака вели Господ Бог: еве, непријателот ќе ја опколи земјата, од­браната ќе ти ја разбие и дворците твои ќе бидат ограбени.

12ⓛТака вели Господ — како што поне­когаш пастирот истргнува од лавовска уста две нозе или дел од увото, така ќе бидат спасени синовите Израелови, кои сега седат во Самарија во аголот на постелата своја и во Дамаск на леглото свое.

13Слушајте и бидете сведоци против домот на Јаков, вели Господ Бог Са­ваот.

14ⓜЗашто во оној ден, кога ќе го казнам Израел за престапите негови, ќе го казнам и за жртвениците во Ветил; ќе бидат отсечени роговите на жртвеникот и тие ќе паднат на земја.

15ⓝЌе го поразам зимскиот дом заедно со летниот дом, и ќе исчезнат домовите со украси од слонова коска, ќе снема многу домови, вели Господ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>