Амос 5:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1Чујте го ова слово, искажано со плач за вас, доме Израелов.

2Падна, нема повеќе да стане девицата израелска! Фрлена е на земјата своја, и нема кој да ја крене.

3Зашто вака вели Господ Бог: град, од кој излегуваат илјадници, ќе остане само со сто, а од кој излегуваат сто, ќе остане само со десет во домот Изра­елов.

4Зашто така му вели Господ на домот Израелов: побарејте Ме и ќе бидете живи.

5Не барајте го Ветил, не одете во Гилгал и не патувајте во Вирсавија, за­што сиот Гилгал ќе појде во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо.

6Побарајте Го Господа, и ќе бидете живи, за да не се нафрли Тој против домот Јосифов како оган, што ќе го проголта, и не ќе има кој да го гасне во Ветил.

7О, вие, што го извртувате правосудството во отров и правдата ја фрлате на земја!

8Тој ги создал Плејадите и Орион и ја претвора црната темнина во јасно утро, а денот го прави темен како ноќ, ги извикува морските води и ги разлива по земјата, Јахве е името Негово!

9Тој испраќа пустош врз силните и врз нивните тврдини.

10А тие го мразат оној, кој дели правда пред портите, и се гнасат од оној, кој ја зборува вистината.

11Па така, затоа што го измачувате сиромавиот и земате од него данок во жито, вие ќе изградите домови од дел­кан камен, но нема да живеете во нив; ќе насадите убави лозја, само вино од нив нема да пиете.

12Зашто Јас знам колку се многуброј­ни вашите престапи, и колку се тешки вашите гревови; вие сте му непријатели на праведникот, земате поткуп и ги извртувате делата на сиромасите во судот.

13Поради тоа разумниот човек молчи во тоа време, зашто времето е зло.

14Барајте добро, а не зло, за да ос­танете живи — и тогаш Господ Бог Са­ваот ќе биде со вас, како што велите вие.

15Мразете го злото, сакајте го доброто и поставете правосудство пред портите; можеби, Господ Бог Саваот, ќе се смилува над остатокот Јосифов.

16Затоа вака вели Господ Бог Саваот, Седржителот: по сите ваши плоштади ќе има плач, и по сите ваши улици ќе викаат: Оф, оф! И ќе повикаат земјо­делец да жали и искусни за жални песни, да плачат;

17и по сите лозја ќе има плач, зашто Јас ќе минам среде тебе, вели Господ.

18Тешко вам, кои го барате денот Господов! Зошто ви е тој ден Господов? Тој е темнина, а не светлина.

19Тоа е како некој да бега од лав, па да го сретне мечка, или да дојде дома и се потпре со раката на ѕид, па да го касне змија.

20Денот Господов е мрак, а не светлина, тој е мрак, и во него нема виделина.

21Ги мразам и ги отфрлувам празни­ците ваши и не ги помирисувам жртви­те ваши во времето на вашите прослави во собранијата.

22Ако ми принесете сепаленица и ле­бен принос, нема да ги примам и нема да погледнам милостиво на благодар­ствената жртва од вашите угоени телиња.

23Отстрани ја од мене бучавата на твоите песни, зашто звуците на твојата харфа нема да ги слушам.

24Правдата нека тече како вода, и справедливоста — како силен поток.

25Зар ми принесувавте жртви и дарови во лебови во пустината во текот на четириесетте години, доме Израе­лов?

26Ќе ги носите Сикут, вашиот цар и Кијун, вашиот бог, ликовите што сами си ги направивте,

27поради што ќе ве прогонувам зад Дамаск, вели Господ, чие име е Бог Саваот.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>