Амос 7:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1Вакво видение ми откри Господ Бог: еве, Тој создаде скакулци, кога почна да изникнува доцнежната трева, а тоа беше тревата по царската косидба.

2И, ете, кога завршија да ја јадат тревата по земјата, реков: Господи Боже, прости, Те молам; како ќе издржи Ја­ков? Тој е многу мал.

3И Господ се сожали на тоа: „Нема да стане тоа“ — рече Господ.

4Вакво видение ми откри Господ Бог: еве, Господ Бог повика оган за суд — и тој проголта голема бездна, проголта и дел од земјата.

5И реков: Господи Боже, запри те молам: „Како ќе издржи Јаков? Па тој е многу мал.“

6И Господ се сожали на тоа: „И тоа нема да се збидне“, рече Господ Бог.

7Вакво видение ми откри Тој: еве, Господ стоеше на ѕид и во раката има­ше оловна висулка.

8И ми рече Господ: „Што гледаш, Амосе?“ Јас одговорив: „Висулка“. И Господ рече: „Еве ќе ставам висулка меѓу Мојот народ израелски; нема повеќе да му проштевам.

9Опустошени ќе бидат жртвениците Исакови и разрушени ќе бидат свети­лиштата израелски, и ќе се кренам со меч против домот Јеровоамов.“

10И Амасија, свештеникот ветилски, порача до израелскиот цар Јеровоам, да му кажат: Амос крева бунт против тебе меѓу домот Израелов; земјата не може да ги трпи зборовите негови,

11зашто тој вака вели: од меч ќе умре Јеровоам, а Израел бездруго ќе биде одведен од земјата своја во ропство.

12И му рече Амасија на Амос: јасновидецу, оди си и насели се во земјата Јудина; таму јади леб и таму пророкувај,

13а во Ветил не пророкувај веќе, зашто тој е светиња царева и е царски храм.

14Му одговори Амос и му рече на Амасија: јас не сум пророк и не сум син на пророк; бев пастир и собирав диви смокви.

15Но Господ ме зеде од овците и ми рече: оди, пророкувај кај Мојот народ Израел.

16А сега ислушај го словото Госпо­дово. Ти велиш: не пророкувај против Израел и не кажувај зборови против домот Исаков.

17Затоа, еве, што вели Господ: жена­та твоја ќе блудствува по градот, синовите твои и ќерките твои ќе паднат од меч, земјата твоја ќе биде разделена со мерно јаже, ти ќе умреш во нечиста земја, а Израел ќе биде одведен од земјата своја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>