Броеви 1:1-54 MKDB2006 - Bible AI

1И му рече Господ на Мојсеј во Синајската Пустина, во скинијата на собранието, во првиот ден од вториот месец, на втората година, откако беа излегле од египетската земја, велејќи:

2„Пребројте ја целата заедница на синовите израелски според родовите нивни, според семејствата нивни, според бројот на имињата нивни, сите од машки пол до еден;

3од дваесет години нагоре, сите способни за војна во Израел; според легиите нивни пребројте ги ти и Арон;

4заедно со вас треба да има од секое колено по еден претставник, кој е старешина на родот свој.

5И еве ги имињата на мажите, кои ќе бидат со вас: од Рувим — Елицур, синот на Шедеур;

6од Симеон — Шелумиел, синот на Цу­ри­шадај;

7од Јуда — Наасон, синот Амина­давов;

8од Исахар — Натанаил, синот на Цуар;

9од Завулон — Елијав, синот Хелонов;

10од синовите на Јосиф: од Ефрем — Елишама, синот Амиудов; од Манасија — Гамалиил, синот на Педацур;

11од Венијамин — Авидан, синот Гидо­ниев;

12од Дан — Ахиезер, синот на Ами­ша­дај;

13од Асир — Пагиил, синот на Охран;

14од Гад — Елјасаф, синот на Деуел;

15од Нефталим — Ахира, синот Ена­нов.

16Тоа се избраните мажи од народот, старешините на татковските племиња, началници на израелските легиони.“

17Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие именувани мажи

18и го собраа сиот народ на првиот ден од вториот месец; и тие ги објавија своите родословија, според родовите свои, според семејствата свои, според бројот на имињата, од дваесет години и нагоре, сите до еден,

19како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. И тој го изврши пребројувањето нивно во Синајската Пустина.

20Од Рувим, првородениот Израелов син, според родовите нивни, според се­мејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, сите до еден, од машки пол, од дваесет години нагоре, способни за војна,

21се изброија од племето Рувимово че­тириесет и шест илјади и петстотини.

22Од потомците Симеонови според ро­довите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, сите до еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

23се изброија од племето Симеоново педесет и девет илјади и триста.

24Од потомците Гадови според ро­довите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

25изброија од племето Гадово чети­риесет и пет илјади шестотини и пе­десет.

26Од потомците Јудини според родо­вите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

27изброија од коленото Јудино се­думдесет и четири илјади и шестотини.

28Од потомците Исахарови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

29се изброија од племето Исахарово педесет и четири илјади и четиристотини.

30Од потомците Завулонови според родовите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

31се изброија од племето Завулоново педесет и седум илјади и четиристотини.

32Од потомците на Јосиф, синовите Ефремови, според родовите нивни, спо­ред семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

33се изброија од племето Ефремово четириесет илјади и петстотини.

34Од потомците Манасиеви според родовите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нив­ни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

35се изброија од племето Манасиево триесет и две илјади и двесте.

36Од потомците Венијаминови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нив­ни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

37се изброија од племето Венија­миново триесет и пет илјади и четири­стотини.

38Од потомците Данови според родо­вите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

39се изброија од племето Даново, шеесет и две илјади и седумстотини.

40Од потомците Асирови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

41се изброија од племето Асирово четириесет и една илјада и петстотини.

42Од потомците на Нефталим според родовите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

43се изброија од племето Неф­тали­мово педесет и три илјади и четиристотини;

44тоа се оние што влегоа во пребројувањето и што ги преброија Мојсеј и Арон и началниците израелски — два­наесетмина луѓе, по еден човек од секое племе.

45Сите, влезени во пребројувањето, потомци Израелови, од дваесет години и нагоре — сите од Израел способни за војна,

46изброени беа шестотини и три илјади петстотини и педесет.

47А левитите меѓу нив не беа броени според татковите им племиња.

48И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

49„Само Левиевото колено не пребројувајте го и не мешајте го со синовите на Израел;

50но на левитите довери им ја скинијата на собранието, сите нејзини принадлежности и сѐ што е во неа: тие нека ја носат скинијата и сите нејзини при­над­лежности и да служат во неа, и околу скинијата да бидат распоредени;

51а кога ќе треба да се пренесува ски­нијата, левитите да ја креваат, и кога ќе треба да се застане, левитите да ја симнат; ако, пак, до неа пристапи некој од друго племе, да биде убиен.

52Синовите израелски треба да бидат распоредени секој во својот логор, секој кај своето знаме, во својата чета.

53А левитите да се сместат околу скинијата на собранието, за да не падне гнев врз општеството на синовите израелски; левитите да стојат на стража при скинијата на собранието.“

54И направија синовите на Израел сѐ: онака како што му заповеда Господ на Мојсеј, така направија.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>