Броеви 10:1-36 MKDB2006 - Bible AI

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2„Направи си две сребрени труби, ковани направи ги, за да ти служат да го собираш народот и да ги креваш логорите.

3А кога ќе затрубат со нив, да се собере кај тебе целото општество пред влезот од скинијата на собранието.

4Кога ќе се затруби со едната труба, да дојдат кај тебе кнезовите и војводите израелски.

5Кога ќе затрубите за поаѓање, да се кренат оние логори што се сместени кон исток.

6Кога ќе затрубите по вторпат за поаѓање, тогаш да се кренат логорите што се сместени кон југ; вака да се труби кога се тргнува на пат.

7Кога, пак, се свикува собранието, трубете, но не на тој начин.

8Со трубите да трубат Ароновите синови, свештениците: тоа да ви биде вечен закон во родовите ваши.

9И кога ќе се кренете да ја браните земјата ваша од непријателот, кој оди против вас, трубете со трубите, и Гос­под, Бог ваш, ќе си спомни за вас, и вие ќе се избавите од непријателите ваши.

10И во деновите кога ќе се веселите, и на празниците ваши, и на ново­месе­чијата ваши трубете со труби кога принесувате сепаленица, или жртва за мир; тоа ќе биде за вас сеќавање пред ва­шиот Бог: Јас сум Господ, Бог ваш.“

11На втората година, во вториот ме­сец, на дваесеттиот ден од месецот, об­лакот се крена од скинијата на со­бра­нието.

12Тогаш синовите израелски појдоа од Синајската Пустина табор по табор, и облакот застана во пустината Фаран.

13И се кренаа тие за првпат, по запо­вед на Господ, дадена преку Мојсеј.

14Прво беше кренато знамето што беше во логорот на потомците Јудини, според полковите нивни; со војската Јудина раководеше Наасон, Ами­надаво­виот син;

15со војската од племето на потомците Исахарови раководеше Натанаил, Цуаровиот син;

16над војската од племето на потомците Завулонови беше Елијав, Хелоно­виот син.

17И се кренаа синовите Гирсонови и синовите Мерариеви, кои ја носеа ски­нијата.

18Потоа беше кренато знамето во логорот на потомците Рувимови според полковите нивни; и над војската Руви­мова беше Елицур, Шедеуровиот син;

19а над војската од племето на потомците Симеонови беше Шелумиел, Цу­ри­ша­даевиот син;

20над војската, пак, од племето на по­томците Гадови беше Елијасаф, Деуе­лов син.

21Потоа тргнаа Каатовците, носејќи го светилиштето; а скинијата ја пос­таву­ваа пред тие да пристигнат.

22И се крена знамето во логорот на потомците Ефремови со војската негова; и над војската Ефремова беше Ели­шама, Амиудовиот син;

23а над војската од племето на потомците Манасиеви беше Гамалиил, Педа­цу­ровиот син;

24над војската пак, од племето на потомците Венијаминови беше Авидан, Гидониевиот син.

25Последно меѓу сите логори беше кре­нато знамето во таборот на потомците Данови со војската нивна; и над војската Данова беше Ахиезер, Амиша­даевиот син;

26а над војската од племето на потомците Асирови беше Пагиил, Охрано­ви­от син.

27Над војската пак, од племето на потомците Нефталимови беше Ахира, Енановиот син.

28Тоа е редоследот на тргнувањето на синовите израелски со војските нивни. И тргнаа.

29И му рече Мојсеј на Ховав, синот на Рагуил, Мидјанецот, Мојсеевиот тест: „Ние одиме во она место, за кое Господ рече: ‚вам ќе ви го дадам.‘ Дојди со нас, ќе ти направиме добро, зашто Господ вети многу добрини за Израел.“

30Но тој му одговори: „Нема да дојдам; ќе отидам во својата земја, при родот свој.“

31А Мојсеј му рече: „Не оставај нѐ, зашто ти ги знаеш местата во пустината, и ќе ни бидеш како предводник.

32Ако појдеш со нас, оние добра што Господ нам ќе ни ги направи, ќе ти ги направиме и ние тебе.“

33И изминаа од планината Господова три дена пат, а ковчегот на заветот Господов одеше пред нив на три дена пат, за да им одбере место, каде да се сместат.

34И облакот Господов ги осенуваше дење, кога тргнуваа од логорот.

35Кога ковчегот се креваше за пат, Мојсеј велеше: „Стани, Господи, и ќе ги снема Твоите непријатели, и ќе избегаат од Твоето лице оние што Те мра­зат!“

36А кога ковчегот се запираше, тој велеше: „Врати се, Господи, кај илјадите и десетиците илјади Израелци!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>