Броеви 12:1-16 MKDB2006 - Bible AI

1Тогаш Мирјам и Арон го прекоруваа Мојсеј поради жената Етиопјанка што ја беше зел, зашто тој се беше оженил со Етиопјанка;

2и рекоа: „Само на Мојсеј ли му збо­рува Господ? Не ни говореше ли Тој и нам?“ И Господ го чу тоа.

3А Мојсеј беше најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата.

4И им рече Господ ненадејно на Мојсеј, на Арон и на Мирјам: „Излезете вие тројца пред скинијата на собранието!“ Тие излегоа и тројцата.

5И слезе Господ во облаков столб, застана при влезот од скинијата на со­б­ра­нието, па ги повика Арон и Мирјам, и тие излегоа и двајцата.

6И рече: „Чујте ги Моиве зборови: ако меѓу вас има пророк Господов, Јас му се откривам во видение, на сон говорам со него;

7не е така, меѓутоа, со Мојот слуга Мојсеј, — тој е најверниот во целиот Мој дом:

8Јас му говорам нему директно, и јавно, а не преку скриени зборови, и тој ја гледа славата Господова; а вие како не се исплашивте да го прекорувате Мојот слуга Мојсеј?“

9И се разгоре гневот Господов против нив, и Тој си отиде.

10Се повлече и облакот од скинијата, и ете, Мирјам беше прокажена со лепра, бела како снег. Арон ја погледна Мирјам, и, ете, таа беше лепрозна.

11И му рече Арон на Мојсеј: „Господаре мој, не ни го сметај за грев, тоа што постапивме неразумно и згрешивме,

12не оставај таа да остане како мртвородено младенче, чие тело, кога излегува од мајкината утроба, до поло­вина веќе е гнило.“

13И се обрати Мојсеј кон Господ, велејќи: „Боже, Ти се молам, исцели ја.“

14И Му рече Господ на Мојсеј: „Ако татко ѝ ја беше плукал во лице, не ќе требаше ли таа да се срамува седум дена?! И така, нека биде прогонета седум дена надвор од населбата, а потоа пак да се врати.“

15И престојуваше Мирјам надвор од логорот седум дена, и народот не тргна на пат, додека таа не се врати.

16Потоа народот тргна од Хацерот и се улогори во пустината Фаран.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>