Броеви 15:1-41 MKDB2006 - Bible AI

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2„Кажи им на синовите израелски и речи им: кога ќе влезете во земјата, во која ќе живеете и која ви ја давам,

3и почнете да принесувате на Господ жртви сепаленици, или жртви заклани, поради завет, или од сесрдност, или во текот на празниците ваши, за да напра­вите пријатен мирис пред Господ, од крупниот или од ситниот добиток,

4тогаш оној, кој ја принесува жртвата на Господ, треба да принесе и лебен принос на Господ од една десетина ефа пченично брашно, измешано со четврт ин маслиново масло;

5и вино за прелив принесувај по четврт ин за сепаленица, како и за друга жртва, ако таа жртва е едно јагне.

6И овен кога принесувате, принесу­вајте и лебен принос две десетини од ефа пченично брашно, измешано со една третина ин маслиново масло;

7и вино за прелив принеси една тре­тина ин за благопријатен мирис пред Господ.

8Ако принесувате сепаленица од го­ве­дата, или колена жртва, поради завет или како жртва за мир,

9тогаш заедно со јунецот принесете и лебен принос три десетини од ефа пченично брашно, измешано со поло­вина ин маслиново масло,

10и вино за прелив принесете поло­вина ин како жртва, за благопријатен мирис пред Господ.

11Така прави при секој принос на јунец, на овен, и на јагне или јаре;

12според бројот на жртвите што ги принесувате, така правете при секоја од нив, според бројот нивни.

13Секој тукашен така треба да прави, кога принесува жртва за благопријатен мирис пред Господ;

14и кога меѓу вас има придојден или кој и да било меѓу вас во поколенијата ваши, и принесе жртва за благопријатен мирис пред Господ, и тој треба да прави така, како што правите вие;

15за вас, народот Господов, и за придојдениот, кој живее меѓу вас, законот да биде еден, вечниот закон во родовите ваши: што сте вие, тоа да биде и придој­дениот пред Господ;

16еден закон и еднакви права да има, и за вас, и за придојдениот, кој живее меѓу вас.“

17Му рече уште Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

18„Кажи им на синовите израелски и речи им: кога ќе влезете во земјата, во која ве водам,

19и ќе почнете да јадете леб од таа земја, оставете и дел за Господ;

20од првините на тестото принесете; леб принесете од гумното.

21Од првината на тестото ваше принос принесувајте Му на Господ во родовите ваши.“

22„Ако погрешите поради незнаење и не ги исполните сите тие заповеди, кои Господ му ги кажа на Мојсеј,

23сѐ она што ви заповеда Господ преку Мојсеј, од денот, кога Господ ви заповедал, и за во иднината во родовите ваши,

24ако грешката е направена неволно од народот, тогаш целото општество нека принесе еден јунец за сепаленица, за благопријатен мирис на Господ, заедно со лебен принос и прелив, според прописите, и еден козел — жртва за грев.

25И свештеникот ќе го ослободи од грев целото општество на синовите израелски, и ќе им се прости, зашто тоа било грешка, и тие принеле свој дар на Господ и жртва за грев пред Господ, поради своето незнаење.

26И ќе му биде простено на целото општество на синовите израелски и на придојдениот, кој живее меѓу нив, зашто целиот народ го направил тоа поради незнаење.

27Ако некој сам згреши не сакајќи, нека принесе едногодишна коза заради својот грев.

28И свештеникот ќе ја ослободи од грев таа душа, која не сакајќи направила пред Господ грев, и таа ќе биде очистена и ќе ѝ биде простено.

29Еден закон да биде за сите вас, како за жителите од синовите израелски, така и за придојдениот, кој живее меѓу вас, кога некој ќе погреши несакајќи.

30Ако некој од тукашните или од придојдените изврши нешто со дрскост, тој Го хули Господа; да се истреби таа душа од народот свој;

31зашто тој го презрел зборот на Господ и ја нарушил заповедта Негова; да биде истребена таа душа; гревот нејзин да биде врз неа.“

32Кога синовите израелски беа во пус­тината, најдоа еден, како собира др­ва во саботен ден;

33и оние што го најдоа, како собира дрва, го приведоа кај Мојсеј и Арон и кај целото општество;

34и го затворија, бидејќи уште не бе­ше решено што да се прави со него.

35И му рече Господ на Мојсеј: „Тој човек треба да умре; целото општество да го убие со камења надвор од населбата.“

36Тогаш целото општество го изведе надвор од населбата, и го убија со камења, и тој умре, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

37И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

38„Објави им на синовите израелски и кажи им да си прават реси по полите на своите облеки во поколенијата свои, и во ресите што се по полите, да ставаат нишки од сина преѓа,

39и тие да ви бидат на ресите, па, кога ги гледате, да се потсетувате на сите заповеди Господови и да ги извршувате и да не се поведувате по срцето свое и очите ваши, кои ве водат во заблуда.

40Да ги помните и извршувате сите Мои заповеди и да бидете свети пред вашиот Бог.

41Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од египетската земја, за да ви бидам Бог. Јас сум Господ, Бог ваш.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>