Броеви 16:1-35 MKDB2006 - Bible AI

1Кореј, синот на Јицхар, синот на Каат, синот Левиев, како и Да­тан и Авирон, синовите на Елијав, и Тој, синот на Пелет, потомци Рувимо­ви,

2востанаа против Мојсеј заедно со двесте и педесет мажи од синовите израелски, началници на народот, претставници во собранието, мажи познати.

3И се собраа против Мојсеј и Арон и им рекоа: „Доста ви е толку; целото општество, сите се свети, и меѓу нив е Господ! А вие зошто се поставувате погоре од народот Господов?“

4Кога го чу тоа, Мојсеј падна ничкум

5и му кажа на Кореј и на сите негови соучесници, велејќи: „Утре ќе покаже Господ, кој е Негов, и кој е свет, за да го приближи кон Себеси; и кого Тој ќе го избере, него и ќе го доближи до Себеси.

6Еве што ќе направите: Кореј и сите негови соучесници, земете си ги кадилниците

7и утре ставете во нив оган и сипете во нив темјан пред Господ; кого Господ ќе го избере, тој и ќе биде свет. Доста ви е толку Левиеви синови!“

8И му рече Мојсеј на Кореј: „Чујте Левиеви синови!

9Малку ли ви е тоа што Бог Израелов ве оддели од израелското општество и ве приближи кон Себеси, за да служите при скинијата Господова и да стоите пред народот, служејќи за Него?

10Тој те приближи тебе и заедно со тебе сите твои браќа, Левиеви синови, а вие барате уште и да свештенодејствувате.

11И така, ти и целата твоја дружина сте се собрале против Господ. Што е Арон, па негодувате против него?“

12Мојсеј испрати да ги повикаат Датан и Авирон, Елијавовите синови. Но тие рекоа: „Нема да одиме!

13Малку ли ти беше што нѐ изведе од земјата, каде што тече мед и млеко, за да нѐ погубиш во пустината, а сакаш уште и да господариш над нас!

14Нѐ воведе ли во земјата, каде што тече мед и млеко, и ни даде ли да владееме ниви и лозја? Или сакаш да им ги извадиш очите на тие луѓе? Нема да одиме!“

15Мојсеј се јадоса многу, и Му рече на Господ: „Не свртувај го погледот Свој кон нивниот принос; на никого од нив не сум му зел магаре, никому од нив не сум му направил зло.“

16И му рече Мојсеј на Кореј: „Утре ти и целиот твој народ застанете пред лицето Господово, ти и Арон, и дру­гите,

17па секој нека ја земе кадилницата своја, и ставете во нив темјан, и донесете ја пред лицето Господово секој својата кадилница — двесте и педесет кадилници; и ти и Арон, секој својата кадилница.“

18И сите ги зедоа своите кадилници, ставија во нив оган, ставија во нив темјан, и застанаа при влезот од скинијата на собранието; исто така и Мојсеј и Арон.

19И Кореј го собра против нив целото општество при влезот од скинијата на собранието. И славата Господова се ја­ви пред целото општество.

20И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

21„Секој од вас нека се истави од тие луѓе, и во еден миг ќе ги истребам.“

22А тие паднаа ничкум и рекоа: „Боже, Боже на духовите во сите тела! Еден човек згреши, а Ти на целото општество ли се гневиш?“

23И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

24„Кажи му на народот: ‚отстапете наоколу од живеалиштата на Кореј, Датан и Авирон!‘“

25И стана Мојсеј и отиде кај Датан и Авирон, и по него отидоа и старе­ши­ните израелски.

26И му рече на народот: „Тргнете се од шаторите на тие луѓе со жестоко срце и не се допирајте до ништо нивно, за да не загинете за сите нивни гре­вови!“

27Тие се тргнаа наоколу од живе­алиштата на Кореј, Датан и Авирон; а Датан и Авирон излегоа и застанаа пред вратите на шаторите свои и же­ните нивни, и синовите нивни, и малите деца нивни!

28Тогаш Мојсеј рече: „По ова ќе познаете дека Господ ме испрати да ги извршам сите овие дела, а не го правам тоа сам од себеси.

29Ако умрат тие, како што умираат сите луѓе, и ги стигне таква казна, каква што ги стигнува сите луѓе, тогаш Господ не ме пратил;

30но, ако Господ изврши нешто нео­бично, и земјата ја отвори устата и ги голтне — сите нив со сѐ што имаат, и тие слезат живи во адот[1], тогаш уверете се дека овие луѓе Го разгневиле Господа.“

31Штом ги изговори тие зборови, земјата се распука под нивните нозе,

32и земјата ја отвори устата своја и ги голтна нив и семејствата нивни, како и сите луѓе на Кореј со сиот нивен имот,

33и тие слегоа живи во адот со сѐ што беше нивно, и земјата ги покри, и нив ги снема од заедницата израелска.

34Сите Израелци што беа околу нив, се разбегаа од нивното викање, зашто си рекоа: „Бегајте, за да не нѐ голтне и нас земјата.“

35Оган излезе од Господ и ги изгори оние двесте и педесет мажи што беа принеле темјан.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>