Броеви 19:1-22 MKDB2006 - Bible AI

1И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

2„Еве ја наредбата на законот што Господ ја заповеда, кога рече: јави им на синовите израелски да ти доведат црве­никава јуница, здрава, без недостаток, која не била впрегнувана;

3дајте ја на свештеникот Елеазар, и да ја изведат надвор од населбата, и да ја заколат пред него.

4И нека земе свештеникот Елеазар од крвта нејзина и нека попрска со неј­зи­ната крв седумпати пред скинијата на собранието.

5И потоа да ја изгорат пред очите негови: и кожата нејзина, и месото неј­зино, и крвта, а и нечистотиите нејзини — да ги изгорат.

6И свештеникот да земе кедрово дрво, и исоп, и нишка од темноцрвена волна и да ги фрли во средината на огнот каде што гори јуницата.

7А свештеникот да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода, а потоа да влезе во населбата, и свештеникот ќе биде нечист до вечерта.

8И оној, кој ја изгорел, да ја испере облеката своја со вода, и да го измие телото свое со вода, и да биде нечист до вечерта.

9А некој чист да ја собере пепелта од јуницата и да ја остави надвор од населбата на чисто место, и таа да се чува за општеството на синовите израелски, за приготвување очистителна вода. Тоа е жртва за грев.

10И оној што ја собрал пепелта од јуницата, да ја испере облеката своја, и да биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечно озаконување за синовите на Израел и за придојдените што живеат меѓу нив.“

11„Оној што ќе се допре до мртво тело на кој и да било човек, да биде нечист седум дена:

12тој треба да се очисти со таа вода на третиот ден и на седмиот ден, и ќе биде чист; ако, пак, не се очисти на третиот и на седмиот ден, нема да биде чист.

13Секој што се допрел до мртво тело на кој и да било умрен човек и не се очистил, ќе ја оскверни скинијата Гос­подова; тој човек да се истреби од народот на Израел, зашто не е попрскан со вода за очистување; тој е нечист: нечистотата негова е сѐ уште на него.

14Еве го законот: ако човек умре до­ма, тогаш секој што ќе влезе во домот, и сѐ што е во него, да биде нечисто седум дена;

15секој откриен сад, незаврзан и непокриен, е нечист.

16Секој што ќе се допре в поле до убиен, или до умрен, или до човечка коска, или до гроб, да биде нечист седум дена.

17За нечистиот да земат пепел од онаа изгорена жртва за грев и да ја полеат со изворска вода во сад.

18И некој чист нека земе исоп и нека го потопи во вода и да го попрска домот и сите садови и луѓе што ќе се најдат таму, и оној што се допрел до човечка коска, или до убиен, или до умрен, или до гроб;

19и чистиот да го попрска нечистиот на третиот и на седмиот ден и во седмиот ден тој ќе се очисти; и да ја испере облеката своја, и да се измие со вода, и до вечерта ќе биде чист.

20Ако некој се оскверни и не се очисти, тој човек да се истреби од народот, зашто тој го осквернил светилиш­тето Господово: тој не е испрскан со вода за очистување: нечист е.

21Тоа нека ви биде вечна наредба. И оној, кој прска со вода за очистување да ја испере облеката своја; и оној кој се допрел до вода за очистување, да биде нечист до вечерта.

22И сѐ, до што ќе се допре нечистиот, да биде нечисто; и човек кој се допрел, ќе биде нечист до вечерта.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>