1
2
3
4Тогаш Моавците им рекоа на мидјанските старешини: „Овој народ сега истребува сѐ околу нас, како што воловите ја изедуваат полската трева.“ А Валак, синот Ципоров, беше моавски цар во тоа време.
5
6Затоа дојди и проколни го тој народ, бидејќи се посилни од мене: тогаш можеби ќе бидам во состојба да ги поразам и да ги изгонам од земјата моја; бидејќи знам дека кого ќе го благословиш ти, тој е благословен, и кого ќе го проколнеш, тој е проколнат.“
7И отидоа моавските старешини и старешините мидјански со подароци во рацете за врачувањето и дојдоа при Валаам и му ги соопштија Валаковите зборови.
8И тој им рече: „Преспијте ноќеска овде, и јас ќе ви одговорам што да правите, онака како што ќе ми рече Господ.“ И моавските старешини останаа кај Валаам.
9
10Валаам Му одговори на Бога: „Моавскиот цар Валак, синот Ципоров ги испратил кај мене да кажат:
11Ете, народот што дојде од Египет, го покри земното лице; дојди, па, проколни го; тогаш можеби ќе можам да го поразам и да го изгонам.“
12
13И утрината стана Валаам и им рече на кнезовите Валакови: „Вратете се во својата земја, зашто Бог не ми дозволува да одам со вас.“
14Тогаш моавските кнезови станаа и се вратија при Валак, и му рекоа: „Валаам не сакаше да дојде со нас.“
15И Валак пак испрати кнезови, повеќе и со поголема чест од првите.
16И тие дојдоа кај Валаам и му рекоа: „Вака вели Валак, синот Ципоров: ‚те молам, не откажувај да дојдеш кај мене;
17ќе ти укажам големи почести и ќе направам сѐ што ќе ми кажеш; па дојди и проколни го тој народ.‘“
18
19но сепак, останете и вие тука оваа ноќ, и јас ќе разберам што уште ќе ми каже Господ.“
20
21Утрината Валаам стана, ја оседла магарицата своја и тргна со моавските кнезови.
22
23
24И застана ангелот Господов на еден тесен пат меѓу лозјата, оградени, и од едната, и од другата страна.
25Магарицата кога го виде ангелот Господов, се прилепи кон оградата и ја притисна ногата на Валаам; и тој пак почна да ја тепа.
26Но ангелот Господов пак се тргна и застана на тесно место, каде што немаше каде да се скршне — ниту надесно, ниту налево.
27Магарицата, кога го виде ангелот Господов, легна под Валаам. И се разгневи Валаам и пак почна да ја тепа магарицата со стапот.
28
29
30А магарицата му рече на Валаам: „Нели сум јас твојата магарица, која ти ја јаваш од младоста твоја до денес? Сум ти правела ли вака досега?“ Тој одговори: „Не.“
31
32
33И магарицата, кога ќе ме видеше, скршнуваше од мене еве веќе трипати; ако не скршнуваше од мене, ќе те убиев, а неа ќе ја оставев жива.“
34
35И му рече ангелот Божји на Валаам: „Оди со овие луѓе; само зборувај го она што Јас ќе ти го кажувам.“ И отиде Валаам со Валаковите кнезови.
36Валак, кога чу дека доаѓа Валаам, излезе да го пречека во моавскиот град, кој е во Арнонските предели, при самиот крај.
37И му рече Валак на Валаам: „Нели испратив јас при тебе да те викаат, зошто не дојде кај мене? Или зар не можам да ти укажам почести?“
38
39И тргна Валаам со Валак, и влегоа во Кирјат-Хуцот.
40
41А утрината Валак го зеде Валаам и го качи на Бамот-Ваал, за да види оттаму еден дел од народот.