1ⓚ ⓛИзраел живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав;
2ⓜи тие го покануваа народот да присуствува на принесувањето жртви на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се поклонуваше на боговите нивни.
3ⓝИ му се приклони Израел на Ваал-Фегор. И се разгоре гневот Господов против Израел.
4ⓞИ му рече Господ на Мојсеј: „Земи ги сите началници народни и обеси ги пред Господ спроти сонцето, и ќе се одврати јаросниот гнев Господов од Израел.“
5ⓟТогаш Мојсеј им рече на судиите израелски: „Секој нека ги убие своите луѓе што му служат на Ваал-Фегор.“
6ⓠИ ете, еден од синовите на Израел дојде и доведе кај еден од своите собраќа една Мидјанка, пред очите на Мојсеј, и пред очите на целото општество на синовите израелски, кога тие плачеа при влезот од скинијата на собранието.
7ⓡФинес, синот на Елеазар, син на свештеникот Арон, кога го виде тоа, стана среде општеството и зеде во раката копје,
8ⓢи влезе по Израелецот во блудилиштето и ги прободе и обајцата: Израелецот и жената во утробата нејзина; и престана поморот на синовите израелски.
9ⓣА умрените од помор беа дваесет и четири илјади.
10И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
11ⓤ„Финес, синот на Елеазар, син на свештеникот Арон, ја одврати јароста Моја од синовите израелски, покажувајќи меѓу нив ревност за Мене, и Јас не ги истребив синовите на Израел во ревноста Своја.
12ⓥТака кажи им: ете, Јас му давам мирен завет;
13ⓦи тој ќе биде за него и за потомството негово по него завет на вечно свештенство, затоа што покажа ревност за својот Бог и Го омилостиви за синовите израелски.“
14Името на убиениот Израелец, кој беше убиен со Мидјанката, е Замвриј, син на Салу, началник на родот Симеоновци;
15ⓧа името на убиената Мидјанка е Козби; таа беше ќерка на Цур, началник на едно од племињата на Мидјаните.
16Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
17ⓨ„Сметајте ги за непријатели Мидјаните и поразувајте ги,
18зашто тие со подмолноста своја постапуваа непријателски спрема вас, соблазнувајќи ве со Фегор и со Козби, ќерката на мидјанскиот началник, нивна сестра, убиена во денот кога имаше помор поради Фегор.“